Во духот на меѓународниот ден на жената: 10-те дами кои го променија светот

Сподели

rn

Реклама

6. Мауд Вагнер, артистка за тетоважи

rnРодена во 1877-та, Мауд Вагнер била првиот женски артист за тетоважи во Америка, која прва ја трансформирала оваа подземна практика во уметнички правец. Позната е и по измислувањето на „ракавот“ кој го претставила на тогашното американско население како легитимен уметнички и стилски додаток и кој денес гордо го носат многу љубители на тетоважите.rn

7. Маргарет Сангер, активистка за заштита од несакана бременост

rnРодена во 1879-та година, кога секоја форма на контрацепција била нелегална, Сангер го отворила патот за сексуалната револуција, легализацијата на абортусот и безбедниот пристап до секој облик на заштита од несакана бременост, термин кој и самата го измислила. Во 1921, точно една година откако жените го добиле правото на глас, Сангер ја основала „Американската лига за заштита од несакана бременост“ која еволуирала во денес добро познатата компанија, „Планирано родителство“.rn

8. Мајка Тереза, хуманистка

rnМајка Тереза (Гонџа Бојаџиу), била римокатоличка сестра која го посветила својот живот на службата на сиромашните и болните и стои како симбол на хуманоста, насекаде во светот. Поголемиот дел од својот живот го поминала во Калкута, каде го основала друштвото „Мисионери на хуманоста“ и им помагала на сите оние на кои им била потребна помош. Во 1979-тата година ја добила Нобеловата награда за мир, а во 2003-тата била прогласена за светица во Католичката црква.rn

9. Соџорнер Трут, аболиционерка и активистка за женските права

rnОткако побегнала од ропство во 1826-та година и го победила судскиот случај за да го ослободи својот син од затвор, Соџорнер започнала активно да се бори за правата на жените и законите за ослободување од ропство и била првата личност која побарала затворска реформа. Нејзиниот говор „Ain’t I A Woman?“ (Не сум ли јас жена?) бил опусот за феминистите низ светот. Без нејзината храброст и волја, страшно е да се помисли каде ќе беа жените денес.rn

10. Амелија Ерхарт, пилотка

rnАмелија била првата личност која самата го прелетала Атлантикот во 1932-та година и станала првата жена професионален пилот во 1935-тата, откако сама летала на релација Хаваи – Калифорнија. Таа започнала да го остварува својот сон да го прелета светот во 1937-та година, но по неколку недели, нејзиното летало исчезнало од радарот и Амелија никогаш повторно не била видена.

Најново

Може ќе ве интересира