Старата скопска чаршија живее во полн ек: Smookah Coffee е новото омилено место во срцето на градот

Сподели

Старата скопска чаршија повторно е едно од најживите места во Скопје. Во текот на денот е исполнета со туристи, минувачи и посетители кои сакаат да направат кратка пауза, додека во вечерните часови добива сосема поинаква енергија – музика, дружење и преполни локали.

Реклама

Во срцето на оваа атмосфера се наоѓа Smookah Coffee, место каде што традиционалниот дух на Чаршијата се спојува со современ амбиент и разновидна понуда.

Реклама

Без разлика дали сте расположени за утринско кафе, освежување по прошетка или вечерно дружење со пријателите, во Smookah Coffee можете да уживате во различни видови кафе, свежо цедени сокови, безалкохолни коктели, сладолед и други освежителни пијалаци.

Реклама

Посебно место во понудата имаат и наргилето, кои од локалот ги издвојуваат како едни од најдобрите во Скопје. Различните вкусови, внимателната подготовка и пријатната атмосфера ги прават одличен избор за подолго и опуштено дружење.

Зад концептот и целокупното менаџирање на Smookah Coffee стои „Каранфилов Менаџмент“, предводен од Кико Каранфилов, едно од најпознатите и најпрепознатливите имиња на скопската угостителска сцена и ноќен живот.

Со долгогодишно искуство и посебно чувство за атмосфера, Каранфилов за човек кој од ништо создава магија. Неговиот потпис може да се почувствува во секој дел од локалот – од музиката и амбиентот, до понудата, услугата и целокупното искуство на гостите.

Целта на Smookah Coffee не е да биде само уште еден локал во Чаршијата, туку место со сопствен идентитет, препознатлива енергија и причина поради која посетителите повторно ќе се враќаат.

Без разлика дали ќе го посетите за кафе и сладолед во текот на денот, за свежо цеден сок или атрактивен безалкохолен коктел, или за наргиле и вечерно дружење, Smookah Coffee е уште една причина да ја посетите Старата скопска чаршија и да ја почувствувате нејзината атмосфера во полн ек.

Најново

Може ќе ве интересира