Уникатни начини да го направите крајот на летото незаборавен!

Сподели

Сигурни сме дека досега веќе сте направиле милион летни спомени што ќе ве топлат за време на долгата, студена зима. Но, со оглед на тоа што се приближува крајот на летото, немате уште многу време да ја заокружите оваа сезона на најдобриот начин. Во продолжение следуваат уникатни начини да го завршите летото со стил!

Реклама

rn

1. Дигитална детоксикација

rnДодека сите ги објавуваат своите најнови фотографии од плажа на социјалните мрежи, зошто вие да не си дадете малку време да се исклучите од Интернетот? Предизвикајте се на дигитална детоксикација за време на последниот викенд од месецов. Можеби ќе ви биде тешко на почетокот, но брзо ќе си бидете благодарни на себе за одморање на мозокот.

rn

2. Испечатете фотографии

rnНавратете се на фотографиите од целото лето и одберете ги вашите омилени моменти со луѓето што најмногу ги сакате, а потоа испечатете ги. Можете да ги залепите на ѕидот во вашата соба, да ги врзете на врвки заедно со светла или пак, да ги споделите со пријателите, во реалноста.

rn

3. Посетете музички фестивал

rnНема да ви биде тешко да најдете музички фестивали на отворено во текот на летото. Замислете само колку добро ќе си поминете кога ќе ги пеете вашите омилени песни додека сонцето ви ја гали кожата. Звучи како совршениот летен ден.

rn

4. Истрчајте маратон за добротворна цел

rnМожете да разгледате дали се организира некој маратон за добротворна цел, или пак, самите да организирате. Ова ќе биде големо физичко, но и ментално достигнување на коешто без сомнение ќе бидете многу благодарни.

rn

5. Направете журка во двор

rnНаместо да трошите пари по кафулиња, зошто да не се соберете со пријателите и самите да си организирате забава за одбележување на крајот на летото? Можете да си ја пуштите омилената музика, да си ги направите омилените коктели, па дури и да ослободите хартиени фенери и да ги гледате како исчезнуваат некаде високо на ноќното небо.

rn

6. Направете летна музичка плејлиста

rnКако и секое лето претходно, така и ова сигурно сте чуле неколку хитови што би можеле постојано да ги слушате. Но, што е со оние квалитетните и прекрасни песни, што не добиваат толку многу внимание? Издвојте малку време да ги најдете токму овие песни, и направете плејлиста со музика каква што не сте слушале досега.

rn

7. Организирајте потрага по скриено богатство во нов град

rnСите сакаат добра загатка. Па, наместо да се консултирате со мапите на новиот град што ќе го посетите ова лето, обидете се да се движите низ него без никакви насоки. На тој начин ќе откриете нешта што многумина ги пропуштаат, а и ќе се зближите многу повеќе со пријателите или семејството.

rn

8. Разбудете се за изгрејсонцето

rnКога последен пат сте станале толку рано што сте можеле да го гледате изгрејсонцето? Предизвикајте се да го сторите токму ова летово, но прво истражете ја вашата околина за да го најдете најдоброто место на коешто можете да го гледате.

Прочитајте ги и овие нспиративни цитати кои ќе ви помогнат да се збогувате со летото.

Популарно

Може ќе ве интересира