Добри новости за љубителите на ориз, отсега ќе можете да се исхранувате уште поздраво. Една нова студија открила дека доколку го подготвувате оризот на одреден начин, вие ќе ги намалите неговите калории и ќе го спречите несаканото качување на тежината.rn
„Овој процес може да ги намали калориите од 50 до 60 проценти, а со тоа и да им помогне во слабеењето на оние кои редовно го консумираат“, вели авторот на студијата, Судар А. Џејмс.
rn
rnrnВо 210 грама бел ориз најчесто има околу 246 калории, додека пак овој метод на готвење ќе ја намали оваа бројка и до 147 калории. Овој метод функционира така што го менува скробот во оризот од лесно сварлив во тешко сварлив, па токму затоа се спречува неговата можност да биде претворен во гликоза и апсорбиран во крвотокот за време на варењето. Џејмс објаснува:rn
„Откако вашето тело ги претвора јаглехидратите во гликоза, сите остатоци од ова гориво се претвораат во полисахаридни јаглехидрати наречени гликоген. Вашиот црн дроб како и мускулите го зачувуваат гликогенот за енергија и потоа брзо го претвораат повторно во потребната гликоза. Проблемот се појавува кога има премногу гликоза која не се претвора во гликоген и токму затоа настануваат маснотиите, кои водат кон прекумерна телесна тежина.“
rnЗа да направите ориз со малку калории, додадете една лажичка кокосово масло во зовриена вода. Потоа додадете 100 грама ориз и мешајте од 20 до 40 минути или сè додека оризот не е целосно сварен. Потоа ставете го во фрижидер на околу 12 часа и ќе добиете ориз со 10 пати поотпорен скроб и со околу 60 пати помалку калории од вообичаено. Овој рецепт е едноставен за подготовка, но сепак се потребни 12 часа за да биде готов. Џејмс продолжува:rn
„Оладувањето е клучниот дел бидејќи амилозата, растворливиот дел од скробот, останува гранулирана кога оризот природно се оладува. Токму затоа 12-те часа во фрижидер ќе овозможат формирање на јаглеродни врски помеѓу молекулите на амилозата надвор од зрната ориз, што резултира со поотпорен скроб. Процесот завршува тука, токму затоа нема да направите никаква штета доколку повторно го загреете.“
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.