КАФЕ ПАУЗА

Тинејџери измислиле квака која уништува бактерии

Тинејџери измислиле квака која уништува бактерии

Како тинејџери, малкумина од нас размислувале за изуми кои потенцијално би го промениле светот. Но, тинејџерите Сун и Кинг од Хонгконг го менуваат начинот на кој гледаме на оваа група млади луѓе.rnrnТинејџери измислиле квака која уништува бактерииrnrn17-годишниот Сун Мин и 18-годишниот Кинг Пон неодамна откриле дека соединението титаниум оксид најефикасно ги убива бактериите кога е изложено на УВ светлина. Двајцата тинејџери го искористиле ова знаење за да дизајнираат квака која може да се чисти сама.rnrnТинејџери измислиле квака која уништува бактерииrnrnКваката е направена од стаклена цевка со алуминиумски краеви. Таа го содржи соединението титаниум диоксид, но на неа има и фотокаталитички слој, што значи дека хемиското соединение во неа реагираа на УВ светлина. Хемиската реакција во цевката ги разложува бактериите кои се наоѓаат на кваката.rnrnМладите генијалци веќе добиваат награди и го привлекуваат вниманието на светската јавност за својот изум.rnrnСледно, прочитајте за овие 15 фантастични изуми, чии пронаоѓачи треба да добијат Нобелова награда.