Перцепцијата на секоја личност е неразделно поврзана со нејзиниот карактер. Она што го забележувате на прв поглед зборува многу за вашите навики и желби, па дури и за скриените стравови. Решете го тестот и дознајте од што се плашите.rnrn
rnrnКој предмет прв ви го привлече вниманието?rn
1. Јаболко
rn
rnrnВо многу древни традиции подарувањето јаболко значи изјавување љубов и во многу култури црвеното јаболко е симбол на љубовта и на страста.rnrnАко овој симбол го привлече вашето внимание, тогаш најверојатно преживувате длабоки романтични искуства и стравувате дека вашите чувства нема да ви бидат возвратени. Можеби е време да го отворите срцето кон саканата личност и да ја дознаете вистината, каква и да е.rn
2. Дете
rn
rnrnДецата се олицетворение на едноставноста, на искреноста и на невиноста. Кога го видовте детето во центарот на илустрацијата, ја поврзавте неговата слика со вашето внатрешно дете.rnrnМожеби во вас останале детските стравови кои опстојуваат и по толку многу години. Тоа може да биде лутина кон некој од семејството, чувство на несигурност или недоверба во сопствените способности. Во секој случај, време е да размислите како да се справите со тие стравови.rn
3. Кловнови
rn
rnrnФактот дека забележавте еден пар кловнови што се наоѓаат од двете страни на вратата, зборува за двојноста на вашиот карактер, односно за промените во расположението и за внатрешниот конфликт.rnrnВаквата непредвидливост најчесто е непријатна затоа што понекогаш и самите не знаете како ќе реагирате на настаните. Очигледно, таа неизвесност ве плаши.rn
4. Пајак
rn
rnrnПајакот се смета за симбол на смртта и на уништувањето, крајот на сè што постои. Ако токму пајакот ви го привлече вниманието, тогаш најверојатно сте во тешка животна ситуација.rnrnНад вас виси некоја закана поради којашто сте напнати и се плашите дека нема да можете да го решите проблемот.rn
5. Череп
rn
rnrnИлустрацијата содржи оптичка илузија и ако веднаш го забележавте черепот, тогаш тоа кажува многу за вас. Веројатно се плашите од смртта и честопати размислувате за тоа, а таа вознемиреност е можеби предизвикана од губење на некоја блиска личност.rnrnМожеби имате и напади на паника. Се разбира, не е потребно вашите искуства да бидат поврзани со смртта, но очигледно нивниот извор го сфаќате како закана дека ќе доживеете неуспех.rnrnРешете го и овој брз психолошки тест и дознајте дали добро или лошо се справувате со стресот.
