Психолошките тестови и тестовите на личноста се многу популарни. Нашите избори, омилени активности, вештини и интереси можат да ни откријат многу работи за нашиот карактер. Доколку сте расположени да дознаете нешто повеќе за себе, погледнете ја сликата и одберете го прозорецот што најмногу ви се допаѓа.rnrn
rnrnОној прозорец што прв го привлече вашето внимание открива интересни податоци за вашиот карактер. Во продолжение прочитајте какво значење има вашиот избор…rn
Прозорец под број 1
rnСакате да имате свој бизнис кој ќе ви овозможи сами да си го организирате времето. Многу сте храбри и сакате да преземате ризици. Знаете како да влијаете на другите, да ги насочувате и да ги водите. Се грижите за профитот и многу сте успешни. Се сметате себеси за многу дружељубива, самоуверена и енергична личност. Но, вашата нељубезност во меѓучовечките односи може да ве оддалечи од луѓето кои се на ваша страна. Другите ве сметаат за амбициозни, но и за емотивни и импулсивни. Мора да научите да им верувате на вашите блиски.rn
Прозорец под број 2
rnУживате кога сте дома заедно со семејството. Ништо не ве прави посреќни од тишината и мирот што ви ги носи домот. Вие претпочитате да работите во тим, сакате да советувате, објаснувате и да се грижите за другите. Многу сте сочувствителни, разумни и хумани. Токму поради тоа ќе бидете одлични родители, а колегите на работа ќе ве обожуваат. Луѓето околу вас исто така сметаат дека сте многу гостопримливи, срдечни и великодушни.rn
Прозорец под број 3
rnСакате да им покажувате на другите колку сте независни. Ја сакате слободата и не поднесувате строги правила. Вие сте големи индивидуалисти и не сакате да ги упатувате другите луѓе. Имате едноставен и интензивен начин на размислување, знаете да правите одлични самоанализи, но ги одбегнувате ситуациите во кои би требало да ја преземете улогата на лидери. Другите ве сметаат за интелигентни, образувани, независни, но и затворени. Имате мал круг на луѓе на кои им верувате. Многу сте им лојални на саканите и блиските.rn
Прозорец под број 4
rnВие сте природни романтичари. Многу сте чувствителни. Постојано фантазирате и секогаш сте позитивни. Вие ги одбегнувате рутинските и строгите правила. Ги сакате необичните ситуации и креативното однесување. Но, понекогаш не можете да донесете одлука. Другите ве замислуваат како сложени, необични, чувствителни и креативни идеалисти. Меѓутоа, луѓето кои добро ве познаваат знаат дека сте невнимателни и непрактични. Мора да внимавате, бидејќи туѓите емоции можат да влијаат на вашето расположение.rn
Прозорец под број 5
rnСосредоточени сте на светот и навистина уживате во животот. Ги сакате луѓето и поради тоа ним им е пријатно во ваша близина. Не ги сакате негативните емоции, бидејќи дури и рамнодушноста може да ве повреди. Ги презирате лажговците, измамниците, мрзливците, површните и непромислените луѓе. Не обрнувате многу внимание на редот. Не се сеќавате што сте направиле, а што треба да направите. Многу брзо заборавате на идеите и создавате нови идеи кои се исто толку оригинални колку и првичните. Ви претставува проблем да признаете дека сте виновни.rnrnДоколку ви се допадна овој тест на личноста, зошто да не направите уште еден?! Одберете коњ и дознајте нешто повеќе за себе.rnrn