Клучевите се многу стара алатка што се користела за магија, особено за ритуали и за предвидување. Клучот е симбол за моќта на вештерките и магионичарите. Тој може да ја промени реалноста и да отвори врати од други области.rnrnКлучевите исто така се користат и за повикување духови без многу труд. Тие се употребуваат и во љубовните магии и магиите за успех. Клучевите се своевиден талисман за успех и љубов.rnrnВо овој тест, секој клуч нѐ претставува нас и нашата магиска способност. Одберете го клучот што најмногу ве привлекува и прочитајте што тој има да ви каже.rnrn
rn
1. Клучот на тројната божица
rnОва е алатката на тројната божица која дава рамнотежа во природата и светот. Она што го гледате на клучот е светиот симбол на тројството кој симболизира три аспекти на божественото – девица, мајка и старица – Божица или избраник, војник и татко – Бог.rnrnАко го одбравте овој клуч, вие сте родени да создадете чуда. Симболот познат под името трикверта е заокружен со круната на Аполон, богот на светлината и на сите благослови. Добрата среќа е на ваша страна. Само еден чекор ве дели од успехот. Затоа, искористете ги вашите магични способности.rnrnМногу важно е да научите како да ги балансирате своите различни аспекти. Погледнете го врвот на вашиот клуч. Забележете колку е сложен. Мора да ја пронајдете својата рамнотежа, а за тоа би било корисно да ја приземјите вашата енергија.rn
2. Клучот на Ерос
rnСѐ што ви треба е љубов. А, ова е најмоќната потврда за тоа – го избравте клучот на Ерос, богот на љубовта. Љубовта отвора врати, љубовта сѐ освојува, љубовта е совршен лек за сите болести. Со својата љубовна моќ, можете да си го отворите патот до успехот. Сте биле повредени во љубовта и тој тежок товар ви го попречува патот. Ослободете се од него. Простете им на другите и на себеси.rnrnВашето срце е многу романтично, трагате по вистинската љубов која може да ве направи непобедливи. Знајте дека таа посебна личност е многу блиску до вас. Единствената работа којашто треба да ја направите е да се отворите за љубов. Исчистете ја вашата срцева чакра. Ако пак сте во врска, употребете ја силата на вашата љубов за да го зајакнете она што го имате.rn
3. Клучот на Афродита
rnОва е клучот на Афродита, божицата на љубовта и мирот. Гулабот во лет е симбол на мирот и слободата. Вие тежнеете кон хармонија, убавина и мир. Многу ви се има случено во минатото, но сега е време да се ослободите од тоа.rnrnКористете го овој клуч за да се ослободите од минатото. Она што ве повредило треба да си замине. Минатото не може повеќе да влијае на вашата иднина.rnrnВие верувате дека животот треба да биде едноставен. За да си помогнете, одморете се од тешките распореди и многуте детали што ви го сочинуваат секојдневието. Обидете се да пронајдете време за себе. Одберете активности и луѓе кои ви го поедноставуваат животот. Не треба да размислувате сложено за да постигнете успех. Верувајте во вашата интуиција.rn
4. Клучот на Друид
rnКлучот на Друид е украсен со келтски чворови кои зборуваат за поврзаноста помеѓу животот и духовното. Треба да сфатите дека никогаш не сте сами. Секогаш сте во врска со вселената и поврзани со сите кои живеат.rnrnСепак, вие сте слободна душа и треба да бидете независни. Затоа треба да се ослободите од отровните врски.rnrnПојдете во шума и приземјете се. Пронајдете рамнотежа во зеленилото и верувајте во сите делови на животот. Нам нѐ насочуваат енергетските струи и иако енергијата постојано е во нас и ни го покажува патот, потребно е да ја најдеме и нашата внатрешна духовност.rnrnМожеби се чувствувате изгубено, но не заборавајте дека всушност никогаш не сме целосно изгубени и дека секогаш одиме кон светлината. Медитацијата може да ви помогне и да ви даде увид во чудото кое го нарекуваме живот.rn
5. Кралски клуч
rnОвој клуч е најамбициозен. Ако сте го одбрале, значи дека веројатно сте многу добро насочени. Но, запомнете дека животот е игра и прекрасно патување. Важна е целта, но важно е и патувањето, ако не и повеќе.rnrnОдржувајте ги вашите цели високо поставени, но не заборавајте да се смеете, да се забавувате и да ги сфаќате работите поопуштено. Важно е да се одржува рамнотежа помеѓу работите што сакате да ги постигнете и оние ситници кои секојдневно ве прават среќни.rnrnСепак, не занемарувајте го постигнувањето на своите цели. Ќе бидете среќни само ако останете веродостојни на себе. Веројатно верувате дека мора многу да се трудите за да постигнете успех и да работите повеќе за да живеете поудобен живот. Но, луѓето не се толку сложени – сѐ што ни треба е љубов. Обидете се да пронајдете едноставни решенија. Што поедноставни, тоа подобро!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnСакате да дознаете за која професија сте родени? Изберете еден симбол од сликата и откријте!rnrn
rnrn[/message_box]