Наводно и оваа година, како и секоја претходно, според некои луѓе е крајот на светот. Овој пат ова предвидување не е од „пророк“, туку од самата Библија. Иако овој текст е проучуван со векови, дури сега се открило едно од можните значења, а тоа е дека крајот на светот ќе биде на 24-ти јуни оваа година.rnrn
rnrnСигурно се сеќавате барем на неколку пророштва за крајот на светот. Новогодишните забави во 1999 година беа навистина луди бидејќи познатиот јасновидец Едгар Кејси предвидел дека крајот на светот ќе се случи во 2000-та година.rnrn
rnrnПодоцна се појави компјутерскиот вирус Y2K кој наводно требаше да ја уништи технологијата и да предизвика хаос во цивилизацијата. Една од попознатите теории за крајот на светот беше и во 2012-та година кога сите тврдеа дека токму таа година завршува календарот на Маите.rnrn
rnrnИ минатата година имаше најави за крајот на светот кога авторот Дејви Мид предвиде дека мистериозната планета Нибиру ќе се појави на небото и ќе ја уништи Земјата. Теоријата брзо се прослави иако од НАСА тврдеа дека нејзиното постоење е невозможно, бидејќи гравитацијата на планетата веќе би ја уништила месечината. Нибиру требаше да се појави минатиот септември, потоа се премести за октомври, и на крај кога не се појави и во ноември теоријата полека умре.rnrn
rnrnДенес новата библиска теорија предвидува дека ова лето ќе се случи Армагедон. Теоретичарот на заговори Метjу Жан-Марк Жозеф Родриге ја проучувал Книгата на откровението и го открил датумот 24-ти јуни, 2018-та година. Делот за кој Родриге тврди дека го открива ова е:rn
„Му беше дадено овластување да делува за 42 месеци.“
rnНаводно, ако го додадете бројот на стихот на жетвата и цената, ќе ја откриете вистината. Не е јасно како добил датум со собирањето на овие броеви, но сумата кажувала дека крајот на светот е на 24-ти јуни, 2018-та година.rn
„Слушнав глас во средината на четирите живи битија. Ова е мудрост. Оној кој е интелигентен може да го интерпретира бројот на ѕверот. Тоа претставува име на човек. Неговиот број е 666“, напишал Родриге.
rnШто мислите вие, дали и овој „крај на светот“ ќе биде дочекан со забавна прослава и потоа продолжување како ништо да не било, или пак, Родриге навистина открил нешто чудно во Библијата?rnПрочитајте ги и овие катастрофални предвидувања за 2018-та година.
