Оваа трагична приказна се случува во Саутемптон, Англија, каде што двајца татковци се обединуваат откако ја губат жената која ја сакале, за да ги израснат нивните заеднички деца. Поранешните ривали на љубовен план, Марк Мотрам и Стив Кук, се решаваат да живеат и да ги чуваат децата кои се родени од иста мајка под заеднички покрив. Тие се сложуваат дека станува збор за една малку необична заедница, но среќата на нивните деца, по ненадејната смрт на нивната мајка Ен, ја ставаат во преден план.
Ен била мажена со Марк, а во тој брак тие имале три деца: Лук (16), Тони (15) и Бен (8). Со нив живееле и двете поголеми ќерки на Ен: Зои (24) и Ејми (22), кои Марк ги сакал како свои. Откако се разделиле, Ен имала уште две деца со Стив: Били (4) и Кетрин (2), а на пат било нероденото бебе Џејмс.rnrn
„Луѓето сметаат дека ова е чудно, но ние отсекогаш сме се сложувале, а сега тоа е поважно од кога било. Малку е чудна ситуацијата, но најважно е да бидеме тука за децата. Тие поминаа низ многу нешта, па нивната стабилност е на прво место. Всушност, станува збор за двајца таткови кои се грижат за своите деца. Јас се однесувам со Кетрин како со своја ќерка, а Стив се однесува со моите деца исто како да се негови.“
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
