На 25-годишна возраст, Гарет Ги без сомнение го живее животот од соништата. Откако развил апликација која подоцна сопствениците на Снепчет ја купиле за неверојатни 54 милиони долари, тој решил да тргне на неверојатна авантура. Гарет го продал поголемиот дел од нештата кои ги поседувал и веќе 9 месеци патува ширум светот, заедно со својата сопруга и двете дечиња.rnrn
rnrnИнтересно е што тој сè уште не ги ни допрел парите кој ги заработил од договорот со Снепчет. Всушност, тој вели дека и други професионалци би можеле малку да уживаат во својот живот така што ќе се ослободат од нештата кои не им се потребни и ќе ги вложат парите од нив во фонд за патување.rnrn
rn
„Почнете да продавате дел од вашите работи и тргнете на мини одмор“, вели тој. „И ако ви се допадне тоа, продадете повеќе нешта и тргнете на друг одмор. Обидете се!“
rn
rnrnАвантурите на Гарет започнале пред година дена, додека тој и неговото семејство живееле во Силициумската долина. Откако тој ја продал својата апликација, голем број инвеститори чекале да се впушти во друг бизнис, нудејќи му можност да ја спонзорираат неговата работа, но тој ги одбил и одбрал на патува и поминува повеќе време со неговото семејство.rnrn
rnrnДенес, тој е на траен одмор. Тие продале скоро сè што имаат за 50.000 долари – сума доволна за да прошетаат околу светот. Подоцна почнале и блог наречен „The Bucket List Family“ кој им овозможува доволно поддршка за нивното патување. Исто така, Гарет развива и нова апликација додека патува.rnrn
rn
„Сакав да го дизајнирам мојот живот, па создадов кариера од тоа“, вели тој.
rn
rnrnСè што во моментов ова семејство поседува може да се собере во 2 ранци и куфер. Ако нè прашувате нас, тоа е сосема доволно за нивните авантури ширум светот.rnrn
