rn
„Ако можете да го сонувате, тогаш можете и да го направите.“ – Волт Дизни
rn
„Сето она што сте го создале во животот, сигурно најпрво сте го создале во вашата фантазија.“ – Тајко Фотио
rn
„Благодарниот ум секогаш се стреми кон најдоброто, а тоа значи дека тежнее кон тоа да стане најдобар.“ – Валас Д. Ветлс
rn
„Бидете благодарни за она што го имате, бидејќи ќе добиете уште повеќе. Ако се концентрирате на она што го немате, никогаш нема да имате доволно.“ – Опра Винфри
rn
„Човекот е она за коешто размислува по цели денови.“ – Ралф Валдо Емерсон
rn
„Самиот човек има моќ да ги трансформира своите мисли во физичка стварност. Самиот човек може да сонува и да ги оствари своите соништа.“ – Наполеон Хил
rn
„Негувајте ви вашите визии и соништа, бидејќи тие се деца на вашата душа и скици на сето она што можете да го остварите.“ – Наполеон Хил
rn
„Човекот е производ на своите мисли. Се претвора во она што го мисли.“ – Ганди
rn
rn
„Секој човек визуализира, свесно или несвесно. Визуализацијата е тајната на успехот.“ – Женевјев Берен
rn
„Можам да прифатам неуспех. Сите се неуспешни во нешто. Но, не можам да прифатам кога некој ќе престане да се обидува.“ – Мајкл Џордан
rn
„Одлучив да бидам среќен, бидејќи тоа е добро за моето здравје.“ – Волтер
rn
„Секој светец има свое минато и секој грешник има своја иднина.“ – Оскар Вајлд
rn
„Моментот на благодарност ја прави разликата во вашиот став.“ – Брус Вилкинсон
rn
„Учењето е подарок. Дури и тогаш кога болката е вашиот учител.“ – Маја Вотсон
rn
„Можам да се променам поради она што ми се случило, но одбивам да бидам послаба поради тоа.“ – Маја Ангелоу
rn
„Темнината не може да ја избрка темнината, само светлината може да го стори тоа.“ – Мартин Лутер Кинг Јуниор
rn
„Нема таква шминка за убавина каква што е среќата.“ – Лејди Блесингтон
rn
„Сите нешта се тешки пред да станат едноставни.“ – Томас Фулер
rn
„Секогаш бидете најдобрата верзија од себе, наместо просечната верзија од некој друг.“ – Џуди Гарланд
rn
„Целиот универзум е еден голем театар од огледала.“ – Алис Бејли
rn
„Сакајте ги сите, верувајте им на неколкумина и не бидете неправедни кон никого.“ – Вилијам Шекспир
rn
„Ако сакате да ја одбегнете критиката, не велете ништо, не правете ништо, не бидете ништо.“ – Аристотел
rnОвие мудри зборови ќе ја осветлат вашата свест, ќе ве охрабрат и ќе ве поттикнат да тргнете на патот кон откривањето на животната вистина. Големите мислители знаеле дека откриле нешто извонредно и го искористеле тоа за да станат величествени. И вие можете да го сторите истото!rnrnПрочитајте ги и следниве инспиративни цитати што ќе ве потсетат дека секогаш треба да ги следите вашите соништа.
