Овој чуден вид морски еж му припаѓа на родот Clypeasteroida. Името го добил поради своето тело кое му е сплескано и наликува на паричка. Англиското име за овој вид е „Sand Dollar“, па оттука и потекнуваат некои шеги дека е единствениот стабилен долар во светот. Но шегата на страна, сплесканиот морски еж има еден трик, кој ние можеме само да сонуваме да го употребиме кога станува збор за вистински пари. Овој вид може да се клонира, притоа образувајќи перфектни копии.rnrn
rnrnБизарно, но вистинито. Пред неколку години научниците докажаа дека ларвата од овој вид може да се клонира. Кога биле изложени на нивните природни непријатели, рибите, тие покажувале необичен одбранбен механизам.rnrn
rnrnТие се клонираат себеси, што значи, си ја преполовуваат големината на телото и на тој начин рибите потешко ги детектираат. Секако, ова не се единствените животни кои имаат ваква моќ. Морските ѕвезди, во својата возрасна фаза, можат да се клонираат откинувајќи дел од телото. Други такви видови се морските ежови и морските краставици.rnrn
rnrnСекогаш кога ќе се најдат во поволни температурни услови или места со изобилство на храна, тие создаваат група колонии за да можат да ја искористат предноста на условите.rnrn
rnrnКарактеристично за спесканиот морски еж, е тоа што тој ја поседуваа оваа особина само како одбранбен механизам. Ако тие ефикасно ја преполоват својата големина, рибата не може да ги види.rnrn
rnrnЗа процесот на клонирање потребни се неколку часа, но научниците велат дека тој почнува да се случува уште кога ларвата ќе го детектира присуството на предаторот, а не кога всушност ќе го види. Значи, тие почнуваат да се клонираат штом ќе го осетат рибниот слуз, па така кога рибата ќе пристигне, тие се невидливи за неа.rnrn
rnrnОд друга страна, пак, оваа особина си носи и свои негативни страни, односно цела нова група предатори, како што се малите морски ракови кои се исхрануваат со мали морски ежови. Но лукавите мали ежиња, се чини имаат решение и за овој проблем. Тие живеат во колонии во кои помалите единки секогаш се заштитени од поголемите браќа.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
