Веројатно веќе имате слушнато дека солариумите се поврзани со смртоносниот рак на кожата. Научниците од медицинскиот факултет Калгари ги разгледувале податоците на 114 пациенти со меланом кои употребувале солариум, како и за 222 пациенти кои не го употребувале.rnrn
rnrnОткако ги зеле предвид и другите фактори кои влијаат на ризикот од појава на меланом, како типот на кожата, бојата на косата и очите и изложеноста на сонце, научниците заклучиле дека меланомот се појавува 10-тина години порано кај пациентите кои користеле солариум.rnrnГенетските мутации поврзани со меланомот се исто така чести помеѓу корисниците на солариум и се случуваат кај 43% од пациентите во оваа група, за разлика од 28% од случаите кај луѓето кои не користат солариум.rnrnСпоред главниот автор на истражувањето, доктор Тони Бурбиџ, не постоело безбедно количество на зрачење од солариум.rn
„Многу наши пациенти кажуваат дека користат солариум со цел да создадат подлога со која ќе го спречат горењето на сонце. За жал, со ова тие го зголемиле оштетувањето од УВ зраците, што резултирало со порана дијагноза на меланом за разлика од пациентите кои никогаш не користеле солариум“, изјавил Тони.
rnКлетките на кожата ја впиваат ултравиолетовата светлина од солариумот, а со тоа настанува оштетување на нивната ДНК. Ова оштетување може да предизвика мутации кои со текот на времето се акумулираат и можат да водат до развој на карцином.rnrnКористењето на солариум во младоста на подолг период може да го зголеми оштетувањето на вашата ДНК.rnrnПогледнете и кои се работите кои никако не смеете да ѝ ги правите на вашата кожа.
