Можеби некој од вас има забележано некои симболи во близина на влезната врата и веројатно сте чуле дека тие се поставени од потенцијални крадци. Но, дали сте знаеле дека тие имаат цела азбука на која комуницираат меѓу себе?rnrn
rnrnКриминалците стратешки ги поставуваат овие симболи на места кои се тешко забележливи. Вообичаено се ситни, околу 1 см, и се нацртани со креда, пенкало, макрер или со спреј. Ознаките можете да ги очекувате на ѕидот близу до ѕвончето или влезната врата, особено ако веќе таму има други шари, на поштенското сандаче, на оградата, под чергичето или ако се работи за куќа со двор, околу цвеќињата.rnrnПрепорачливо е да не ја споделувате алармантната ситуација со другите станари бидејќи секој е осомничен. Ако забележите чудни ознаки во близина на вашиот дом, направете слика, известете ги надлежните, исчистете ја ознаката за да му дадете на крадецот до знаење дека знаете за неговите планови, размислете за промена на бравата и евентуално инсталирајте камери, аларм или други сигурносни уреди.rnrnНе сме сигурни на кое ниво овие знаци се користат на нашите простори, но некои од поедноставните со сигурност може да се забележат на ѕидовите во станбените згради.rnrnПогледнете ја листата и бидете подобро подготвени доколку забележите ваков или сличен знак близу вашиот дом, кој во најмала рака би требало да ви предизвика сомнеж дека нешто не е како што треба.rnrn


















Симболи кои крадците ги користат меѓу себе при ограбување домови
