КАФЕ ПАУЗА

Илустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледа

Илустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледа

Љубовта се крие во малите, тивки моменти, како што се гушкањето во кревет после долг ден, заспивањето пред телевизор, па дури и стискањето на акните на партнерот. Нема ништо поубаво од релаксирачка масажа после напорна работа!rnrnИлустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледаrnrnУметницата Аманда Олеандер ги отсликува овие моменти на нејзините илустрации коишто честопати ги споделува на нејзиниот Инстаграм профил. Таа црпи инспирација од нејзината врска и врските на најблиските пријатели.rn

„Сите овие ситуации се случиле некогаш во мојата врска или во врските на моите пријатели. Понекогаш, тие ми раскажуваат нешто, а јас ќе им кажам ’Чекај малку!’ и брзо ќе ја нацртам случката пред да ја заборавам“, изјавила Олеандер.

rnИлустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледаrnrnОлеандер живее во Лос Анџелес и во врска е со нејзиното момче Џои Радмен повеќе од 2 години. Таа го нарекува „најслаткиот, најсмешниот и најзгодниот маж во светот“.rn

„Чувствувам како ми се полнат батериите секоја вечер кога спијам до мојата љубов“, напишала Олеандер на Инстаграм.

rnИлустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледаrnrnИнтересните цртежи на Олеандер се инспирирани од Пикасо, Тим Бартон и цртаните филмови од 90-тите со кои пораснала. Таа исто така сака да вметнува животни во нејзините дела, но човечкото однесување повеќе ја фасцинира.rn

„Ме восхитува начинот на кој луѓето се однесуваат зад затворени врати. Тоа се интимни моменти што не можеме да ги видиме. Тоа се моменти што не можат да бидат документирани, бидејќи кога би ги набљудувале, луѓето би го смениле начинот на однесување. Па така, јас ги цртам“, објаснила Аманда.

rnИлустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледаrnrnУметницата се надева дека луѓето чувствуваат нешто кога ги гледаат нејзините дела.rn

„Се надевам дека ги потсетуваат на некои моменти од животот или дека им ги враќаат сеќавањата. Но, најмногу од сѐ, се надевам дека ги прават среќни“, изјавила таа.

rnИлустрации кои покажуваат што прават љубовните парови кога никој не ги гледаrnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите интересни илустрации…rnrn