КАФЕ ПАУЗА

Што значи кога крстените христијани носат црвен конец околу раката?

Што значи кога крстените христијани носат црвен конец околу раката?

Носењето црвен конец околу раката против уроци е стара традиција меѓу словенските народи, а денес е најпопуларна во Бугарија, источните земји и следбениците на Кабала, како и помеѓу народите кои го прифаќаат паганизмот.rnrnШто значи кога крстените христијани носат црвен конец околу раката?rnrnОвој обичај во извесна мера се задржал и кај нас, а најчесто се практикува ставање црвен конец околу раката на новородените деца.rnrnНо, дали христијаните, особено оние кои се крстени треба да носат црвен конец околу раката?rnrnЦрвениот конец симболизира страст, успех и среќа. Се врзува на зглобот на левата рака, бидејќи, наводно, со оваа рака личноста се поврзува со други сили. Формираниот круг од црвен конец, се верува дека дава заштита од негативност, недуховност, како и од лоши намери и зли духови.rnrnШто значи кога крстените христијани носат црвен конец околу раката?rnrnСепак, во христијанството ваквата практика не е одобрена. Христијанската религија ги смета за идолопоклонство постапките со кои луѓето ја менуваат религијата. Црвениот конец не е дозволен и заради тоа што всушност претставува ритуал, потекнува од магија и се смета за амајлија.rnrnХристијанството како единствен симбол на заштита ги прифаќа крстот и молитвата, додека црвениот конец се смета за паганство и симбол кој всушност ја разнишува вашата вера.rnrnПравославните и католичките свештеници советуваат дека доколку се чувствувате дека ви е потребна дополнителна заштита, подобро да поработите на својата духовна состојба, наместо да практикувате вакви ритуали.rnrnСуеверијата сепак имаат ефект врз вас? Тогаш еве едно народно верување кое мора да го знаете: Како да се облекувате за да привлечете среќа?