Веќе добро знаеме дека боите можат да имаат силно влијание врз нашето моментално расположение. Некои од нив влијаат позитивно, инспиративно, додека пак некои други знаат да ни го отежнат и веќе тешкиот ден. Токму затоа погледнете ја оваа листа и откријте како бојата на вашата облека може да влијае врз вас во текот на текот, но и што таa симболизира за вас…
Сива: Предизвикува индиферентност, како да не сакате да се изразите. Некои личности ја поврзуваат оваа боја со фиксираност, депресивност, безживотност и апатија.
Црна: Симболизира екстреми, вие сте подготвени на сè или ништо.
Златна: Симболизира авторитет, висока самодоверба, креативност и перфекција.
Сребрена: Таа укажува на емоционална стабилност и има моќ да ја отстрани или неутрализира негативноста.
Бронзена: Симболизира љубов и страст како во личните, така и во професионалните врски и остварувања.
Црвена: Стимулира енергија, топлина и здравје. Некои личности ја поврзуваат оваа боја со храброст, силна волја, брзина и наметливост.
Портокалова: Стимулира нови можности, креативност и ентузијазам.
Жолта: Ја буди менталната инспирација и ги полни со енергија вашите мускули. (Запомнете и срцето е мускул!)
Зелена: Инспирира баланс и хармонија, таа добро влијае и на умот и на телото.
Синa: Смирува и оладува.
Индиго: Како комбинација од сина и црвена, оваа боја ги комбинира посветеноста на сината и стабилноста на црвената. Индиго инспирира ладнокрвност, но истовремено и електрицитет.
Виолетова: Како боја на трансформацијата, таа го смирува менталниот и емоционалниот стрес. Оние кои медитираат веруваат дека виолетовата боја им ја зајакнува духовната моќ.
Бела: Таа е комбинација од сите бои, па токму затоа симболизира перфекција, баланс и хармонија.
Магента: Инспирира привлекување и помага при одржување на вниманието за да се постигне моќ.
Розова: Ја враќа младоста и инспирира искрен контакт со вашите вистински чувства.
Тиркизна: Ја зголемува интуицијата и сензитивноста, но и го намалува стресот.
Кафеава: Претставува цврстина и приземност, таа е природна и едноставна.

