КАФЕ ПАУЗА

Што прават очајните по внимание на Фејсбук?

Што прават очајните по внимание на Фејсбук?

Фејсбук е супер алатка која може да се употреби на многу различни начини, но и да се злоупотреби. Оние кои ја злоупотребуваат во потрага по внимание успеваат на тој начин да ги изнервираат сите блиски и далечни пријатели, освен другите трагачи по внимание кои се држат до нив поради заедничките потреби. Кај секој од нив се забележуваат дел од овие знаци.rnrnШто прават очајните по внимание на Фејсбук?rnrnПостојано го ажурираат статусот иако немаат ништо ново да кажат. Не е битно што ќе стават. Тоа може да бидат мудри цитати, површни цитати, љубовни стихови, песни, што било… само да ги има секој ден на почетната страница. Или повеќе пати во денот.rnrnЧесто ја менуваат сликата на профилот. Ако не им текне некој интересен статус, доволно е уште еднаш да се сликаат или да ѝ стават некој ефект на постара профил-слика и веднаш да ја направат достапна за сите. Несигурноста ја покриваат со идентичен израз на лицето на сите слики или евентуално со испакнати усни. Лајковите се неизбежни.rnrnЧесто постираат нејасни статуси. Знаат дека малкумина ќе разберат на што мислат, или можеби никој, но сепак ќе си стокмат статус кој ќе биде видлив за сите пријатели. Тоа дава аура на мистериозност во која можеби ќе уживаат ако добиваат прашања во коментари, но повеќето нема да реагираат затоа што ги нервираат со своето нејасно обраќање кон нив.rnrnСе чекираат каде и да одат. Сеедно дали се со срцките на шопинг или на кафе, гледаат филм дома со девојката, или на некое место од типот на Земјата на чудата, пожелно е другите да го знаат тоа.rnrnСе жалат за личните проблеми. И тоа за оние за надвор од виртуелниот свет, за кои се зборува со најблиските луѓе. Чест метод се нејасните статуси, ем си кажуваат што им лежи на душа, ем можат полесно да добијат изрази на сочуство и симпатија во коментарите.rnrnШто прават очајните по внимание на Фејсбук?rnrnСе жалат дека им го „манијачат“ профилот. Со оглед на тоа што секој сам одбира колкав дел од својот живот ќе го направи јавен и им го покажува на огромен број луѓе, тогаш воопшто не може да се зборува за појава на манијачење на Фејсбук. Сепак, тие не пропуштаат да кажат дека тој и тој постојано им виси на профилот, им дели лајкови на секоја објава, слика итн. Тоа ним всушност и не им пречи, со оглед на тоа што можат да се пофалат дека некој им укажува внимание.rnrnНа ѕидот на пријателот го пишуваат она што е за во инбокс. Тоа не е нешто сериозно, но разговорот продолжува во коментарите и завршува со „чекам детали во инбокс“. И сите ќе се прашуваат какви тоа убавини им се случуваат ним.rnrnИмаат над 1.000 пријатели. Голем дел не ги познаваат, други ги виделе само еднаш во животот, но не може жедта за внимание на социјалните мрежи да се задоволи со само 300 пријатели. Ако секој ден им се обраќаат на пријатели кои можат да населат едно мало гратче, вниманието од неколку стотини од нив не им бега.rnrnСе возбудуваат кога ќе добијат некакво известување. Или постојано проверуваат дали некој им пишал. Кога во горниот лев агол ќе се појави знакчето со црвена боја, имаат црно на бело дека некој таму мисли на нив.rnrnСе трудат да се истакнат во групната фотографија. Ако се во позадина некој може да не ги види.rnrnШто прават очајните по внимание на Фејсбук?rnrnДобри се со сите на Фејсбук. Затоа што ако му згрешите некому во виртуелниот свет тој истиот може утре да му наштети на вашиот имиџ на социјалните мрежи. Колку лајкови ќе посеете денес, толку ќе ожнеете утре.rnrnИ надвор од Фејсбук мора да се во центарот на вниманието. Ако дел од нивните пријатели направат некаков план во кој не се вклучени, тоа може многу да ги повреди.rnrnИзнудуваат комплименти. Свесни се дека прават сè што е во нивна моќ за да изгледаат и да се чувствуваат добро, но и покрај тоа не се чувствуваат удобно во нивна кожа сè додека другите не ги преплават со комплименти.rnrnСе фалат со небитни работи. Кому му е важно колку ви е добро што сте феминистка, дали вашата Барселона е подобра од нивниот Реал или сте рокер кој мрази турбо-фолк?rnrnСте забележале ли нешто што може да се додаде на оваа листа?