Вашиот ракопис говори за вашата личност повеќе отколку што мислите. Ова го тврдат графолозите, кои се бават со анализа на ракописите. Па затоа земете лист и пенкало, напишете една реченица и дознајте дали тие се во право.rnrn
rn
Закосеност на буквите
rnДоколку буквите во вашата реченица се закосени кон десно, најверојатно вие сте екстравертна личност која обожава да се дружи и има многу пријатели.rnrnДоколку буквите во вашата реченица се закосени на лево, тогаш вие сте личност која ужива кога е сама и која понекогаш е голем бунтовник, особено доколку пишувате со десна рака.rnrnДоколку буквите во вашата реченица се потполно прави, вие сте практична личност, која не сака многу да ги покажува своите емоции и се води по својата логика.rnrn
rn
Големина на буквите
rnДоколку вашиот ракопис е крупен, вие сте многу самоуверена личност која сака да биде во центарот на вниманието. Докажано е дека славните личности имаат крупен ракопис.rnrnДоколку пишувате ситно, тогаш вие сте помалку срамежлива личност, но точно знаете што сакате и знаете да се концентрирате на приоритетите во животот.rnrnДоколку сметате дека големината на вашите букви е средна, тогаш вие сте многу снаодлива личност која знае да се прилагоди на сите ситуации.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
