Мораме да бидеме искрени дека во некои земји за 50 денари не можете да купите ништо. Затоа пак во други, можете да купите многу работи. Денес сакаме да ве однесеме низ целиот свет од вашата фотелја, па откако овие времиња конечно ќе завршат, можеби ќе одите во некоја од овие земји и сами ќе се уверите во одличните цени.rn
Филипини
rnАко сте уморни по еден ден пешачење во Манила или некој друг дел од Филипините, се исплати да се опуштите со една масажа. И не било каков вид, туку масажа на стапалата. Верувале или не, само за 50 денари ќе добиете 20 минутна масажа!
rn
Истанбул
rnКога веќе сте во Истанбул и по обична обиколка на Големата чаршија, сакате одмор, ви препорачуваме да одите на традиционален турски чај. Еве, чајот е многу попопуларен пијалок од кафето, и верувајте ми, на многу места ќе го најдете за помалку од 50 денари.rn
Виетнам
rnАко некогаш гледате филм со продавница лоцирана во Виетнам, ќе забележите дека голем број Виетнамци носат традиционална капа позната како „нон ла“. Оваа капа е убав сувенир и обично е направена од слама, а бидејќи можете да ја набавите за 50 денари, не штедете.rn
Германија
rnВо Германија не можете да купите многу работи за 50 денари. Но, замислете ја следнава ситуација. Дојдовте и се сместивте некаде во Берлин и сте заборавиле да донесете чепчиња за уши. Барем тоа ќе го најдете тука за околу 50 денари.rn
Малезија
rnКога одите на патување во оваа земја, ноесете помалку работи во куферот. Не само што можете да направите добар шопинг, туку и вашата облека можете да ја исперете во автоматска перална. Цена? Дури и во Куала Лумпур се доволни само 50 денари или помалку.rn
Индија
rnОдличен начин да ја обиколите оваа земја е да користите јавен превоз кој е прилично евтин. На пример, најевтиното возење со метро ќе ве чини само 10 денари, и воопшто, ниту меѓуградскиот превоз не е скап, така што често патувате за само 50 денари.rn
Венецуела
rnОва е земја во која бензинот е поевтин од водата. За 50 денари добивате точно 4 литри бензин, што значи дека без проблеми ќе поминете растојанието од 50 километри за 50 денари.
Прочитајте ги овие 7 начини на кои можете да се наградите и да се забавувате без да потрошите пари.

