КАФЕ ПАУЗА

Што ги интересира луѓето на Интернет: Во Македонија цената на абортусот, а во Мавританија на робовите

Изгледа дека пребарувањата на Гугл варираат многу во зависност од земјата во која живеете. На пример, во Македонија, доколку пишете „колку чини“ најпрво ќе ви излезе абортусот, потоа Скопје 2014, па слободата. Од друга страна пак, ако малку го преформулирате прашањето и напишете „колку кошта“, тогаш ќе ви излезе само еден резултат – регистрацијата.rnrnШто ги интересира луѓето на Интернет: Во Македонија цената на абортус, а во Мавританија на робовиrnrnШто се однесува до другите места во Европа, повеќето се интересираат за практични нешта поврзани со животот, учењето или купувањето пиво, додека пак во Африка корисниците најмногу пребаруваат за храна, стока и гориво. Од друга страна пак, во Северна Америка најмногу се интересираат за цената на пасошот и патентот. Но, ако погледнете внимателно, може дури и да откриете некои контроверзни резултати од пребарувањето, како проституцијата во Бразил, Украина, Хонг Конг и Летонија, робовите во Мавританија, бубрезите во Иран, како и вештачкото оплодување во Австралија…rnrnЗаинтересирани од резултатите кои ги добиле за сите држави во Америка, тимот од веб-сајтот „Fixr“ одлучиле да откријат за што се интересираат луѓето од различни области во светот. Тие почнале да „гуглаат“ едноставни прашања кои ја вклучуваат цената за секоја држава, а потоа резултатите ги поставиле во интересен инфографик со цел да можат да ги споредуваат. Според нивните резултати, може да се извлече следново:rnrnКанаѓаните се заинтересирани за цената на пасошот или напуштање на земјата. Корисниците на интернет од Еквадор најчесто пребаруваат цени на шешири. За проституцијата најмногу се заинтересирани во Бразил и Уругвај, а оние од Чиле најмногу ги интересира цената на кока… Всушност, истражувачите не се сигурни за кој вид станува збор.rnrnНекои од најинтересните резултати од истражувањето за Европа вклучуваат часовници Ролекс во Швајцарија, превоз со јахта во Монако, операција на носот во Албанија и летање со воени авиони во Русија. Што се однесува до Азија, резултатите се различни, што одлично ја покажува разновидноста на културата на овој континент. Најголемата финансиска грижа која ја имаат луѓето во Либан е цената на „SonyPlaystation 3“, во Кувајт ламборгинито, во Ерменија тепихот, додека пак во Јапонија цената на лубеницата.rnrnВо Африка корисниците на Гугл најмногу се загрижени за секојдневен прибор за животните, додека пак во Сиера Леоне луѓето се најмногу заинтересирани за купување дијаманти, а во Мавританија робови. Ако се насочиме кон Океанија, жителите на Нов Зеланд најмногу барале цена за вазектомија, додека пак, оние од Австралија барале цена за вештачко оплодување. Вистински парадокс, се согласувате?rnrnКога станува збор за цените на Антарктик, најмногу е пребарувана цената на земјиштата. Иако областа таму е прилично непријателска, ја има во изобилство. Набљудувањето на најпопуларните пребарувања ширум светот ни открива колку многу разлики постојат меѓу културите, додека пак истовремено ни ги покажува и сличностите. Тоа исто така ни дава увид и во некои од почудните работи за кои размислуваат луѓето кога се сами.