Метрополите се познати и привлечни токму заради својата големина и раскош. За разлика од нив, малите гратчиња поседуваат топлина и мир карактеристични само за нив. Со еден збор, тие имаат душа.rnrnВи ги претставуваме најубавите мали градови во Европа, кои нема да ве остават рамнодушни.rn
Салцбург, Австрија (Salzburg)
rnВпечатливата архитектура во стилот на барокот е тоа што го прави ова место уникатно и интересно. Градот во кој има 3 универзитети, секоја година привлекува студенти од цела Европа. Салцбург е родното место на познатиот композитор Моцарт, што е причина плус да се посети ова гратче.rnrn
rn
Мостар, Босна и Херцеговина (Mostar)
rnМостар е најзначајниот град во Босна и Херцеговина. Изграден покрај реката Неретва, плени со старите градби кои потекнуваат од времето на Отоманската Империја. Најзначаен симбол на градот е Стариот Мост, по што е и именуван.rnrn
rn
Хвар, Хрватска (Hvar)
rnХвар е пристаниште во Хрватска. Опкружен со ѕидини во италијански стил изградени во 13 век, Хвар е познато туристичко место за летување.rnrn
rn
Пореч, Хрватска (Poreč)
rnНајзначаен белег на градот е Базиликата Еуфразиан од 6 век, која е заштитена од УНЕСКО од 1997 година. Ова гратче, кое е старо скоро 2.000 години, шармира со својата смиреност и уникатност.rnrn
rn
Чешки Крумлов, Р. Чешка (Český Krumlov)
rnОва интересно гратче кое се наоѓа во јужниот дел на Р. Чешка, е значајно по својата единствена архитектура и грандиозниот замок, кој по големина е втор веднаш после замокот Хратчани во Прага, главниот град на Р. Чешка.rnrn
rn
Карлови Вари, Р. Чешка (Karlovy Vary)
rnГрадот на „кралските бањи“, е познат по многубројните минерални жешки извори, кои често се посетувани од славните личности. Овде се одржува и еден од најстарите, а воедно и најреномираните филмски фестивали во Европа.rnrn
rn
Јорк, Англија (York)
rnЈорк спаѓа во т.н. заѕидани градови, околу кој се изградени ѕидини кои го заштитувале градот во минатото. Ова место има богато културно наследство и претставува центар на значајни политички настани кои се одвивале во минатото.rnrn
rn
Колмар, Франција (Colmar)
rnОва француско гратче со градби кои наликуваат како да се од бајките, е основано во 9 век. Многубројните музеи се карактеристичен белег на градот, од кои најпознат е музејот Унтерлинден.rnrn
rn
Мајсен, Германија (Meissen)
rnГрадот Мајсен се наоѓа во источна Германија и е познат како „центар на Саксонија“. Ова место вреди да се посети за да се види прекрасната катедрала Мајсен изградена во готски стил, порцеланот кој се произведува овде, како и замокот Albrechtsburg.rnrn
rn
Кордоба, Шпанија
rnКордоба се наоѓа во јужна Шпанија, Андалузија. За време на средниот век, овој град бил престолнина на исламскиот калифат и еден од најголемите градови во светот. Веднаш ќе ве маѓепса со импресивните архитектонски зданија, за кои вреди да се посети.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
