Хрватското крајбрежје е долго дури 1.777 километри, а покрај него има неверојатни 1.246 острови. Посетата на овие или на кои било други места распоредени покрај Јадранот ќе ве плени со својата убавина и медитерански шарм.rn
Дубровник
rnДубровник е најпопуларното место на хрватското крајбрежје. Недопрениот стар дел на градот е синоним за јадранскиот шарм, додека новиот дел е модерен и полн со ресторани и кафулиња.
rn
Локрум
rnЛокрум го нема шмекот на архитектурата на блискиот Дубровник, но неговата природа сигурно ќе ве освои. Дивите плажи, кристално чистата вода и боровата шума ќе направат да заборавите на она кое штотуку сте го виделе во Дубровник.
rn
Млет
rnОстровот Млет се наоѓа во близина на Дубровник, а ги привлекува оние кои бараат мир во дивината. Дури 72% од него се шуми, а остатокот им припаѓа на селата и две солени езера. На средината на поголемото од нив им а остров, а на него манастирот Свети Бенедикт.
rn
Сплит
rnПокрај убавата архитектура, Сплит ги освојува посетителите и со вкусовите и мирисите од традиционалната далматинска кујна. Прошетката по улиците на овој град ќе ве натера да седнете и да пробате нешто вкусно.
rn
Задар
rnЗадар не е толку популарен меѓу туристите како што е Дубровник, иако овде може да се вдиши автентичната хрватска култура. Вообичаената слика ја сочинуваат полните кафулиња на малите плоштади, рибарите со своите бротчиња и рестораните од кои се шират мириси кои го отвораат апетитот.
rn
Ровињ
rnНајдоброто нешто што може да ви се случи во Ровињ е да се изгубите скитајќи по живописните улички. Нема да се почувствувате непријатно поради тоа. Градот од едната страна граничи со прекрасна шума, а од другата со беспрекорно чистата вода на Јадранското Море.
rn
Хвар
rnВо центарот на градот Хвар на истоимениот остров не е дозволен никаков сообраќај со моторни возила (освен електрични), што уште повеќе го засилува впечатокот на град од бајките. На ова место не му недостасува ништо што може да се види и во останатиот дел од Јадранското крајбрежје, а сето тоа најубаво може да се доживее од врвот во близина на Грбље, кој нуди глетка која тешко се заборава.
rn
Шибеник
rnШибеник не е полн со туристи. Тој е одличен избор ако сакате на мира да прошетате по камените улички пред да седнете некаде на брегот и да уживате во погледот кон морето.
rn
Корчула
rnСредновековната архитектура на Корчула му го дала прекарот „Малиот Дубровник“. На островот се наоѓа Свети Марко, прекрасна катедрала изградена во готски стил.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

