Оваа недела нè очекуваат моменти на акција со оглед на тоа дека особено ќе биде влијателна енергијата на Марс. Ова е исто така и прва недела од сезоната на Близнаци, поради што многумина од нас се чувствуваат како летото навистина да започнало. Ќе се чувствуваме оптимисти бидејќи можеме да ги видиме почетните фази на нашите „големи планови“ за летото. Еве како ѕвездите ќе им влијаат на хороскопските знаци оваа недела.rnrn
rn
Овен
rnВреме е да стапите во акција бидејќи едноставно не можете да се видите себеси како седите со скрстени раце . Имате работи кои сакате да ги споделите со другите и полни сте со енергија. Меѓу другото, вашите природни лидерски вештини ќе дојдат до израз оваа недела.rn
Бик
rnОваа недела сте во движење, а тоа може да значи дека ќе патувате, но може да значи и искачување по скалилата во кариерата. Не дозволувате ништо да ви застане на патот во текот на неделата бидејќи конечно откривте во која насока сакате да се движите. Издржливоста и креативноста ќе ви помогнат да се фокусирате на вашите цели и визии.rn
Близнаци
rnМожеби е роденденска сезона или можеби едноставно се чувствувате добро бидејќи ја имате целата таа енергија на Марс навидум „на ваша страна“, но ќе се чувствувате одлично оваа недела. Со гордост ќе погледнете кон вашите неодамнешни достигнувања, а сознанието дека ВИЕ го направивте тоа дополнително ќе ве мотивира.rn
Рак
rnОваа недела ќе размислувате за вашите успеси. Ќе сфатите што е она што ви е потребно за да ги постигнете посакуваните цели. Сепак, не сфаќајте ги премногу сериозно работите во текот на оваа недела и обидете се да се одморите од токсичните луѓе во вашата близина.rn
Лав
rnЌе одлучите да почнете од почеток. Ова може да се однесува на одреден проект или целосна промена на животниот стил. Според астролозите, оваа недела ќе биде вистинското време за промена. Мора да го елиминирате она што повеќе не ви служи и не застанувајте додека не го добиете она што го посакувате. Искористете ја максимално енергијата на Марс.rn
Девица
rnОваа недела ќе треба да направите одреден избор, а како резултат на тоа ќе се чувствувате неодлучни и збунети. Енергијата на Близнаците ќе ве натера да се чувствувате уште понеодлучно од вообичаено. За среќа, енергијата на Марс ќе ви помогне да го направите тоа што треба да го направите.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
