КАФЕ ПАУЗА

Секогаш кога ќе ве навреди некој, вие возвратете со овие мудри зборови

Секогаш кога ќе ве навреди некој, вие возвратете со овие мудри зборови

Мудрите зборови на овој старец ќе ви го променат животот. Ако го усвоите ова правило, ќе живеете посреќно и поубаво.rnrnСекогаш кога ќе ве навреди некој, вие возвратете со овие мудри зборовиrnrnЕден човек јавно навредил еден старец и му го рекол следново: „Вие сте атеист, пијаница и крадец“.rnrnСтарецот само се насмевнал како одговор на тие навреди.rnrnЕден млад човек облечен во најдобро одело ја набљудувал случката и го прашал старецот: „Како можеш да толерираш вакво нешто?“rnrnСтарецот повторно се насмевнал и му рекол: „Ајде да одиме кај мене, сакам да ти дадам нешто“.rnrnМладиот човек го следел старецот до една прашлива дрвена просторја. Мудриот човек го вклучил светлото и почнал да буричка во плакарот, каде што нашол валкано палто. Потоа го фрлил нечистото палто врз младиот човек и му рекол: „Пробај го, сигурно ќе ти одговара“.rnrnМладиот човек го зел палтото, го погледнал и огорчено му рекол на старецот: „Зошто ми е ова валкано палто? Јас сум добро облечен, вие сигурно сте луд“.rnrnТој одговорил: „Вие не сакате да го прифатите ова валкано палто. Слично на тоа, јас не сакав да ги прифатам тие валкани зборови што ми ги рече човекот“.rnrnПрочитајте ја и оваа бабина поучна приказна што решава љубовни дилеми.