КАФЕ ПАУЗА

Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

Со вестите за глобалното намалување на популацијата на пчелите, многу луѓе се обидуваат да направат нешто и да го спречат нивното изумирање. Но, не се само луѓето оние кои се обидуваат да ги заштитат. Еден вид пчели има свој посебен начин на заштита.rnrnРедок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветовиrnrnОвие пчели се познати како Оsmia avosetta и се самотници кои не се потпираат на поддршката од другите пчели. Наместо тоа, женските инсекти создаваат неверојатни шарени гнезда од цветови.rnrnРедок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветовиrnrnГнездата се откриени во Турција и Иран, а доктор Џером Розен, куратор од Американскиот природонаучен музеј, почнал да го истражува овој феномен.rnrnРедок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветовиrn

„Гнездата се необични затоа што се изработени со два слоја шарени цветови помеѓу кои има тенок слој кал. Пчелите ретко користат делови од растенија за нивните гнезда. Денес постои потреба биолозите подобро да ги познаваат пчелите. Тие се најголемите оплодувачи на растенијата и се важни во одржувањето на екосистемите.“

rnРедок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветовиrnrnМајката пчела прво ги наоѓа совршените цветови. Потоа копа дупка од 1,5 сантиметри и нанесува неколку цветови и кал. Откако ќе го исполни гнездото со полен и нектар, ги положува своите јајца. На крај го затвора гнездото превиткувајќи цветовите и исполнувајќи го преостанатиот простор со кал.rnrnРедок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветовиrnrnДодека надворешниот дел се суши и станува како тврд оклоп, внатрешноста на гнездото останува влажна. Ова е совршена средина за созревање на ларвите во текот на зимата. Овој процес е доказ дека без разлика на видовите, мајчината љубов навистина е безусловна.rnrnДека природата е навистина неверојатна ќе ви докажат и овие фотографии од собири на животни во дивината.