КАФЕ ПАУЗА

Расцветена пролет во различни делови од светот

Расцветена пролет во различни делови од светот

Автор: Александра ЧакаровскаrnrnПосле студената зима, сите со цела душа ја чекаме пролетта. Цело време затворени дома, едвај чекаме да излеземе надвор и буквално да не се прибереме. Мирисот на цвеќињата, убавиот воздух, џагорот на живиот свет го прави ова годишно време да биде посакувано и прекрасно. Магичната атмосфера се надополнува со прекрасните расцветени црешови дрвја, на кои никој не може да им остане рамнодушен. Еве неколку фотографии од расцветените цветови, фатени од страна на објективот во различни места на светот.rnrn

Расцветена пролет во различни делови од светот
Расцветено црешово дрво близу Ајфеловата Кула во Париз.
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
Споменикот на Мартин Лутер Кинг во Вашингтон опкружен со црешови дрвја. Оваа година е значајна по тоа што се бележи 100 годишнина од првото црешово дрво, кое Јапонците го дале како поклон на Американците.
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
Чамец кој плови под црешово дрво во паркот Sakuranomiya во Осака, Јапонија.
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
Снег ги покрил расцветените цветови во Олимпискиот стадион во Минхен, Германија.
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
Овие црешови дрвја расцветеле во паркот Yuyuan Tan, Пекинг
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
Жителите на Портланд, Орегон, имаат прекрасна можност да пешачат во паркот Том МекКол, покрај реката Виламет.
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
Преку црешовите гранки можете да го видите споменикот на Џеферсон во Вашингтон, кој се наоѓа покрај реката Потомак.
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
На плоштадот во централен Ванкувер, Канада, можете да се прошетате под прекрасните расцветени дрвја.
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
Романтична прошетка придружена со мирисот на пролетта, ви нуди кралската палата Chidorigafuch, која се наоѓа во Токио.
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
Доколку се наоѓате близу Амстердам, посетете ја цветната изложба во Лисе, каде ќе уживате во црешовите расцветени дрвја.
rnrn
Расцветена пролет во различни делови од светот
Девојка ги фотографира преубавите цветови во паркот Sakuranomiya, кој се наоѓа во Осака, Јапонија.
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.