КАФЕ ПАУЗА

Прецизен психолошки тест кој открива 5 видови трауми од детството

Психолошки тест кој открива 5 видови на трауми

Раната возраст од животот остава последици. Колку е подлабока раната што ја носите во себе толку почесто ќе страдате и ќе чувствувате потреба да се преправате. Па, како да ги препознаете сопствените маски и маските што ги носат другите луѓе? Одговорот се крие во овој психолошки тест на Лиз Бурбо кој е познат по називот „5 трауми“.rnrnПсихолошки тест кој открива 5 видови на траумиrnrnКои се маските што ги носат луѓето? На следнава слика се претставени заедно со траумите:rnrnПсихолошки тест кој открива 5 видови на траумиrnrnАко на детето му е дозволено да биде тоа што е, тоа ќе се однесува нормално, балансирано и никогаш нема да има криза. За жал, такви деца, а подоцна и возрасни речиси и да не постојат. Поголемиот дел за време на растењето се поминува низ 4 фази.rnrnПрвата фаза е откривање радост за постоењето, односно запознавање на самите себе. Втората фаза е тага затоа што не можете да бидете тоа што сте (казни поради однесување) и осознавање на повреда. Третата фаза е период на криза и бунтување, а четвртата е свест и создавање маски, односно нова личност која одговара на очекувањата на зрелите возрасни.rnrnМногу луѓе заглавуваат во третата фаза и долго остануваат во состојба на бес, криза и спротивставување. Во текот на третата и четвртата фаза, сите ние создаваме нова личност, поточно маска која ни служи како заштита од болката што сме ја доживеале во втората фаза. Постојат само 5 такви маски и тие одговараат на 5-те главни ментални трауми кои човекот мора да ги доживее.rn

1. Отфрлените луѓе носат маска на бегалци – секогаш бегаат од сè и секого

rnТелото на ваквите луѓе секогаш е напнато. Едната страна на лицето доста се разликува од другата, постои очигледна асиметрија. Рамената се свиени, рацете притиснати покрај телото. Се трудат со своето тело да заземаат колку што е можно помал простор.rnrnПогледот на отфрлениот бегалец често е отсутен, а мислите се некаде далеку прогонувани од страв. Предметите и парите не им носат задоволство, тие се желни за љубов. Се стремат кон совршенство и духовно се опседнати. Сексуалниот живот им е на последно место, а дури и го одбиваат. Отфрлањето од еден од родителите им донело омраза. Често ги употребуваат зборовите „никој и ништо“, особено кога зборуваат за себе и за своето семејство. Лесно преминуваат од фаза на љубов во фаза на мразење и копнеат за самотија. На работа се трудат да бидат невидливи и веруваат дека никој не ги разбира.rnrnСе плашат од туѓото внимание затоа што не се сигурни како треба да се однесуваат. Имаат малку пријатели и не веруваат во себе, секогаш се потценуваат. Се плашат од допир. Несвесно се грижат и во најобичниот разговор и ги прекрстуваат рацете пред гради. Љубовта од родителите ја бараат во партнер од ист пол. Не веруваат во чувствата од другите луѓе и бегаат од љубов. Се плашат од грешки и осудување, јавен настап и испит. Не веруваат во чувствата на другите луѓе и бегаат од љубов. Зборуваат многу тивко, малку јадат. Не сакаат професионална помош, самите се обвинуваат за сè. Склони се кон респираторни заболувања, вртоглавици, несвестици и аритмии. Често се непосакувани деца кои на светот дошле непланирано или родителите очекувале бебе од спротивниот пол.rn

2. Напуштените луѓе цел живот ќе зависат од некого или од нешто

rnМускулите им се слаби, држењето лошо. Имаат големи, убави и тажни очи. Драматизираат за секоја ситуација. Сакаат да прават услуга и да добиваат комплименти поради тоа. Преземаат туѓи обврски, а не сакаат никому да пречат со нивните барања и потреби. Се плашат да зборуваат за маните на партнерот бидејќи се плашат дека и тој ќе ги напушти. Кога некој ги понижува тие се стрпливи и храбри. Самоубиството често им паѓа на памет. Се плашат од авторитет. Ниедна работа не ја завршуваат целосно. Се плашат од сите животни промени. Многу се поврзани за децата и саканите. Сакаат да бидат потребни секому. Ги сакаат допирите, а и често им се плаче. Имаат потреба за поддршка со внимание, нечие присуство. Неодлучни се. Често себеси си предвидуваат драстичен неуспех.rnrnРасположението им е променливо – еднаш се среќни, после тоа тажни. Имаат потреба физички да се поврзат со некого – држење за раце или под раце, прегратка, допир. Копнеат за љубов, препознавање, внимание по која било цена. Поради внимание можат да станат манипулатори. Најмногу се плашат од осаменост. Апетитот секогаш им е добар, уживаат да јадат бавно. Имаат чести напади на депресија и хистерија. Често патат од главоболка, настинка, астма.rnrnНајчесто овие деца биле напуштени помеѓу првата и третата година од животот и некој друг се грижел за нив.rn

3. Траумата од понижување ја донесува маската на мазохист

rnОвие луѓе често се борат за себе и за другите луѓе. Лесно се здебелуваат, а тешко ослабуваат. Самите се обвинуваат за невнимателноста кон која се склони. Сакаат да имаат некој кој ќе им кажува што да прават. Сами се доведуваат до положба на роб – и дома и на работа. Сакаат да бидат единствени и важни. Обично кријат големи трауми – силување, престој во затвор… Премногу се чувствителни, но ги занемаруваат своите потреби. Во сексот се срамежливи, а во животот веруваат дека се безвредни. Сакаат мали работи, се врзуваат за предмети. Ракописот им е многу ситен.rnrnСе осудуваат и понижуваат сами, дури и пред други. Склони се кон предизвикување чувство на вина кај другите. Потсвесно сакаат слобода, немаат мера во храната, пиењето, сексот. Од друга страна пак, се плашат од таа слобода исто како и од ограничувањата, обврските и задачите. Работат работи кои не ги сакаат. Веруваат дека сексот е грев, имаат висок степен на самоконтрола. Срам им е да го покажуваат нивното тело. Обожаваат слатки.rnrnЧесто страдаат од болки во грбот, грлото. Патат од проширени вени и болести на црниот дроб. Се сеќаваат дека нивните родители се срамеле од нив или од нивното однесување и ги казнувале на ужасни начини.rn

4. Траума на издавање – желба за контрола

rnТелото им зрачи со сила. Често се слаби, но често имаат и вишок килограми. Нивните очи се како скенер – многу читаат и забележуваат на прв поглед. Сакаат сè да направат сами, да бидат силни и одговорни. Посветени се и лојални, но нестрпливи. Немаат нерви за бавност во која било ситуација. По секоја цена сакаат да бидат на прво место. Сè пресметуваат, сакаат да предвидуваат, многу се прецизни. Ги критикуваат туѓата неодговорност и маани, а кај себе тоа никогаш не го забележуваат. Не ги избегнуваат конфликтите. Имаат одлично помнење, но никому не веруваат.rnrnГо осудуваат секој што не мисли како нив. Сакаат сè и сите да ги контролираат. Сакаат нивниот збор да биде последен. Сакаат сè да знаат. Склони се кон манипулација за остварување на целите. На саканата личност не ѝ веруваат целосно, а често се и љубоморни. Го споредуваат партнерот со родителите од спротивниот пол. Се плашат од разделба. Имаат одличен апетит, јадат многу брзо и обожаваат зачини.rnrnГласни се, патат од артритис, воспаление на зглобовите (посебно колената и рамениците) и херпес. Луѓето со маска на мазохист во детството биле предавани од страна на родителите – тие не ги исполнувале ветувањата и често ја злоупотребувале нивната доверба.rn

5. Неправдата во детството раѓа многу строги луѓе

rnВкочането тело, совршена линија, цврсти, напнати движења, совршено држење, преубава кожа и сјај на лицето – ги отсликува строгите луѓе кои некогаш доживеале многу неправди. Тежнеат кон совршенство, правда, беспрекорност. Бегаат од сопствените чувства бидејќи се плашат. Сакаат да бидат продуктивни, оптимистични се и се плашат од дебелеење. Никогаш немаат време затоа што долго се подготвуваат. Самокритични се, се потценуваат себеси. Екстремно ги делат работите на добро и лошо, точно и погрешно. Динамични се, сакаат брзина. Во непријатни ситуации се вцрвенуваат. Премногу бараат од себе. Сакаат да наредуваат, обожаваат облека во темна боја. Постојано се споредуваат со подобри и полоши од нив.rnrnСе срамат да трошат време на купување. Не сакаат подароци. Не знаат како да покажат љубов. Делуваат ладно и бесчувствително, имаат потешкотии во комуникацијата со блиски луѓе. Се плашат од допири, флертуваат од дистанца. Сонуваат за совршена врска, а се плашат од разочарувања. Зборуваат речиси механички. Ваквите жени често се фригидни, а мажите импотентни. Нервозни се.rnrnРодителите од истиот пол на овие луѓе биле строги помеѓу четвртата и шестата година. Биле нетолерантни и секој ден слушаше остри критики. Родителите им го пренеле студенилото, како и неможноста да покажуваат чувства и да бидат разбрани.