Овој аква парк, лоциран во Сан Антонио, Тексас, е првиот во светот кој е направен специјално за луѓето со посебни потреби. Водните забавни паркови се навистина одлична летна активност, особено за малите деца. Но, луѓето со посебни потреби ретко можат да уживаат во овој вид забава.rnrn
rnrnОсновачот на паркот, Гордон Хартман, работел рамо до рамо со доктори, пациенти, наставници и негуватели со цел да создаде уникатно искуство за секој што ќе го посети паркот.rnrn
rn
„Нашата цел е да им овозможиме уникатно искуство на сите гости во безбедна и удобна околина“, рекол Хартман.
rnОвој аква парк е буквално за секого, без разлика дали одите на две нозе или се движите со помош на инвалидска количка.rnrn
rn
„Паркот им ветува вистинска забава на луѓето со физички или когнитивни посебни потреби и тој е место каде што можат да уживаат без граници.“
rn
rn
Некои од услугите што ги нуди паркот се:
rn
rn
- rn
- Родителите добиваат посебни нараквици со кои можат да ги лоцираат нивните деца во секој момент.
- Секој милиметар од паркот е достапен за инвалидска количка.
- Температурата на водата може многу брзо да се промени доколку има посетители кои се чувствителни на студена вода.
- Бесплатно е изнајмувањето на водоотпорни инвалидски колички.
- И најдобро од сè, влезот за деца со посебни потреби е бесплатен.
- rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnПогледнете повеќе информации од овој воден парк на следната страница…rnrn