КАФЕ ПАУЗА

Природен резерват среде океан: Овој остров е вистински мал рај на Земјата!

Единствено по својата убавина, нереалната природа, но и специфична карпа која привлекува многу љубители на скокањето од карпи, островот Вила Франка до Кампо е еден од најубавите острови што нудат ваква можност. Изгледа како мал рај на Земјата.rnrnrnrnОткако овде првпат било одржано светското првенство во скокање од карпи, многубројни туристи сакаат да скокнат во вода од 20-тина метри високата карпа. Островот Вила Франка до Кампо е вистински мал рај на Земјата за љубителите на летните морски активности. Се наоѓа преку патот на истоимениот град, односно отприлика на 1 километар од брегот на најголемиот остров Азора – Сао Мигел.rnrnОвој вулкански остров е стар околу 4.000 години и претставува најголема туристичка атракција во Сао Мигел. Внатрешноста на островот сокрива речиси совршено кружно природно езеро (кратер на потопен вулкан) кој е поврзан со Атлантскиот океан преку тесен премин.rnrnБлагодарение на богатата флора и фауна која го опкружува островот е класифициран како природен резерват. Таму можете да видите голем број на различни видови птици, а поради богатиот подводен свет сите ги привлекува и сите оние коишто сакаат да нуркаат.rnrnОд јуни до септември од градот Вила Франка до Кампо се организираат редовни бродски тури околу островот, а картата чини неполни 10 евра. Погледнете ги следниве фотографии од ова неверојатно место и уживајте!rnrn

rnrn

rnrn

rnrn

rnrn

rnrnДознајте и кој е најубавиот остров во светот.