Сите знаеме дека животот е краток и дека треба максимално да се посветиме да го проживееме што е можно подобро, но некако голем број од нас заглавуваат во работа која баш и многу не ја сакаат само за да можат да го прехранат семејството, да ги платат сметките, со мала надеж дека ќе остане нешто вишок за по некој одмор или некое ново искуство.
Животот е премногу краток за да го потрошиме на материјалните нешта. Оваа поема нѐ учи токму на тоа и нѐ потсетува колку многу се посветуваме на неважните ситници од нашиот живот, заборавајќи вистински да живееме.
[message_box title=”” color=”yellow”]
Се жениш пред 30-тите, затоа што така треба.rnНормален си.rnИмаш две деца.rnДиплома.rnРабота.rnСметки за струја.rnСметки за телефон.rnЛетување од десет дена.rnМожеби 15.rnВикенд одмор во Виена.rnПлус здравствено осигурување.rnПлус животно осигурување.rnПензиско осигурување.rnСметки за греење.rnБрзаш дома од канцеларија.rnДенес е недела.rnВодиш љубов на секои две недели.rnСо изгаснато светло.rnМирно.rnМисионерски.rnНекогаш и во четврток кога ќе ти откаже психијатарот.rnБиди нормален.rnПеток е денот кога твојата едноставна жена готви боранија.rnСе откажа од сонот да одгледуваш пчели.rnИ од тоа често да се смееш.rnОдиш во вежбалница, затоа што така треба.rnВозиш во колона.rnНикого не претекнуваш.rnНешто не можеш повеќе да сакаш.rnБи сакал.rnПодоцна и тоа исчезнува.rnЛажеш дека си добро.rnЛажеш дека се смееш.rnЛажеш.rnНе ти смета прашината на омилената плоча.rnНа целиот грамофон.rnКришум пушиш.rnГи пцуеш возачите.rnГи пцуеш пешаците.rnГи пцуеш велосипедистите.rnГи пцуеш соседите.rnЈа пцуеш жената.rnГи пцуеш децата.rnГо пцуеш ГосподrnГо пцуеш животот.rnСметки. Сметки. Сметки.rnИмаш премногу брчки.rnИмаш неколку години поминати во странство.rnНекое бегство од вистинскиот ти.rnНекогаш се опиваш.rnНикогаш сам.rnСо друштво.rnЗатоа што така треба.rnПееш, затоа што велат дека таквите луѓе се радосни.rnВо август го отплаќаш кредитот.rnИмаш 20 години вишок.rnЧекаш лифт.rnМорничаво си мирен кога се расипува.rnЧекаш во ред.rnЧекаш во банка.rnЧекаш жена ти повторно да ти каже „те сакам“.rnЧекаш повторно да ја засакаш.rnЧекаш лето.rnЧекаш децата да завршат со образование.rnЧекаш да ја омажиш ќерката.rnЧекаш да го ожениш синот.rnЧекаш да се пензионираш.rnЈа чекаш следната година.rnЈа чекаш следната година.rnЈа чекаш следната година.rnЈа чекаш следната година.rnЈа чекаш следната година.rnЧекаш подобри времиња.rnЧекаш подобро утре.rnДа бидеш среќен.rnИсклучи се.rnОди бос.rnТогаш смееш да одиш и по тревата.rnКапи се додека не зазори.rnЗборувај за нештата што ги сакаш.rnНикогаш не ги превртувај палачинките со нож или со рака, само со фрлање во воздух.rnНе грижи се, ќе ја одлепиш од плафонот.rnНаучи да кршиш јајца со една рака.rnИграј си со услужната каса во супермаркет, тоа е благодат.rnЛулај се во три часот наутро.rnПорачај 5 топки сладолед.rnНасмевни се на предупредувањето „Само за деца, пројди под прскалките во паркот!“rnЗастани пред врата со сензор, плесни со рацете и преправај се дека се отворила на твоја заповед.rnПушти капка-две на врела рингла и замислувај дека си магионичар кој фрла магии (ако немаш врата на сензор во близина на куќата).rnШетај покрај река.rnПикни прст во неа, нема да останеш без него.rnВоди љубов.rnНаутро.rnНапладне.rnНа самрак.rnНавечер.rnВо два.rnВо три не можеш, тогаш треба да одиш да се лулаш.rnПостојано води љубов.rnСекаде.rnИ не со секого.rnНикако не со секого.rnАко имаш прилика да водиш љубов на некој кров од зграда или на сликарско платно целиот покриен со боја и косата потопена во темпера НАПРАВИ ГО ТОА.rnАко ја немаш таа можност, прво купи платно – создади ја.rnСликај – со неа.rnИли со него.rnЗакачете ја сликата над каминот.rnНека вашите гости секогаш ве прашуваат од кого е сликата.rnМистериозно насмевнете се.rnДржете се за рака под масата.rnПогали ја по стомакот каде што се наоѓа ремек-делото на вашата сликарска техника.rnБакнувај.rnПрегрнувај.rnСкокоткај.rnИграј.rnОпростувај.rnСонувај.rnПатувај.rnНе пропуштај правење фигури од пластелин.rnНе го пропуштај првиот јоргован.rnНи последната лубеница.rnИ да се намачкаш со јогурт.rnИли да причуваш нечие милениче.rnСмеј се.rnСмеј се многу.rnИ не ја покривај устата со рака затоа што имаш еден крив заб, само нека е здрав.rnПовеќе болат кривите патишта во животот.rnПрави мусака.rnПрави семеен турнир во карти.rnЧитај цел викенд.rnПокисни.rnСлушај музика со ризични децибели.rnОбој ја собата во жолто.rnПеј, ако така се чувствуваш.rnПлачи, ако така се чувствуваш.rnКупи шатор.rnНајголемиот во продавницата.rnИ опрема за кампување.rnСложувај сложувалки.rnРедовно јавувај им се на родителите, затоа што така сакаш.rnЈави се иако е премногу доцна.rnПосоли ако не е солено.rnНЕ заборавај на пријателите.rnНе заборавај работи по „џебовите“, таму се наоѓаат некои важни ситници.rnСтави малку вишок пена во бањата.rnУуу и прави балончиња.rnЗборувај „старински“.rnНекогаш само прелажи се.rnЗборувај за нештата што ги сакаш.rnЗборувај за луѓето што ги сакаш.rnНе е тешко да најдеш луѓе кон кои не си рамнодушен.rnНе е тешко да љубиш.rnЗборувај за нештата што те мачат.rnЗборувај. И слушај.rnБиди грижлив и милостив.rnПомоли се кога искрено чувствуваш.rnНегувај ја љубовта.rnКажувај „НИЕ“ наместо „јас“.rnНЕ бегај од себеси. Не плаши се.rnУбав си и насмеан и намуртен.rnИ што ако знаеш само два акорди на гитара.rnГради во себе, не околу себе.rnЗасади хектар калемени цреши.rnДонеси ѝ на баба ти семе за нане и оригано од службен пат.rnЧекај, па ти не си бил на службен пат.rnСи станал она што сакаш.rnПа тогаш оди на пазар и купи.rnБиди креативен, НИШТО НЕ Е ГЛУПАВО ако е со вистинска намера.rnОбој го својот свет.rn[/message_box]

