Досега многу пати сме се навратиле на славните личности и нивните животи, на тоа колку тие заработуваат и каде ги трошат заработените пари. Она што сега следува е листа на познатите личности кои заработуваат и после нивната смрт.
Нивната слава и понатаму живее!rn
1. Мерлин Монро
rnИако почина во 1962-та година, Мерлин и денес е неприкосновен секс-симбол, а вреди 15 милиони долари годишно.rn
2. Пол Вокер
rnПознатиот актер кој трагично го заврши својот живот во сообраќајна несреќа, исто така е на листата на најплатени ѕвезди кои заработуваат и после смртта. Неговата заработка изнесува 10,5 милиони фунти годишно.rn
3. Мајкл Џексон
rnКралот на поп музиката, Мајкл Џексон, во 2009-тата година, после неговата смрт, имал долг од 260 милиони фунти. Шест години после смртта заработил и повеќе од доволно за да го исплати тој долг. Имено, точниот износ на неговата заработувачка бил 653 милиони фунти.rn
4. Елизабет Тејлор
rnБлагодарение на нејзината линија парфеми „White Diamonds“, познатата актерка која почина во 2011-тата година, заработува неверојатни 20 милиони долари.rn
5. Елвис Присли
rnКралот на рокенролот, чии хитови се слушаат и денес, на годишно ниво заработува 55 милиони долари.rn
6. Курт Кобејн
rnЛегендата која ја интригира јавноста и после неговата смрт, заработува неверојатни 50 милиони долари.rn
7. Џон Ленон
rnПопуларниот пејач на Битлси, од продажбата на музичките албуми, годишно заработува 12 милиони долари. Имено, во Америка во периодот од 1992-та година до денес, се продадени преку 63 милиони копии од албумите на позната рок група.rn
8. Алберт Ајнштајн
rnПознатиот научник, кој почина во 1995-тата година и зад себе остави голем успех во полето на физиката, има годишна заработувачка од 20 милиони долари.rn
9. Енди Ворхол
rnАвангардниот поп уметник Енди Ворхол бил во право кога рекол дека во иднина секој ќе ги доживее своите 15 минути слава. Неговата годишна заработка изнесува 19 милиони долари.rn
10. Џ. Р. Р. Толкин
rnДоколку сте ги гледале филмовите од трилогијата „Господар на прстените“ или „Хобит“, тогаш сте му платиле на Толкин. Филмските продукции ги задржуваат авторските права на Толкин, па тој годишно заработува по 7 милиони долари. На тој износ се додава и сумата од продадените книги, играчки и облека.

