КАФЕ ПАУЗА

Потценети туристички дестинации кои морате да ги посетите барем еднаш во животот

Потценети туристички дестинации кои морате да ги посетите барем еднаш во животот

Иако ќе се согласите дека за вкусовите не се дискутира, сепак нема ништо лошо во коментирањето за нечиј вкус. Така, можеби на вашата листа на дестинации има градови кои сакате да ги посетите, а кои другите сметаат дека не вредат да бидат посетени? Компанијата Bounce, специјализирана за складирање багаж, спровела истражување во поглед на тоа кои градови се преценети, а кои потценети.rnrnПотценети туристички дестинации кои морате да ги посетите барем еднаш во живототrnrnИстражувањето зело предвид два параметра – бројот на знаменитости и атракции во еден град и бројот на посетители.rnrnВо пракса тоа изгледа вака: доколку еден град има голем број знаменитости, а не е популарна туристичка дестинација, тогаш се смета за потценет. Така, грчкиот остров Родос го зазеде првото место благодарение на многубројните знаменитости кои се дел од УНЕСКО како и прекрасно зачуваниот стар град. Сепак, иако островот е богат со историја и идеална клима, истражувањето покажало дека туристите и не обраќаат толку внимание на тоа.rnrnВеднаш по Родос следуваат Маракеш и Порто. Вториот по големина град во Португалија иако во последните години доживеа значителен туристички бум, сепак годишно го посетуваат само 2,5 милиони луѓе. На списокот следуваат Хераклион (главен град на округот Хераклион како дел од островот Крит) и Рио де Жанеиро.rnrnКога станува збор за листата со прескапи, но и преценети градови на прво место е Париз по кој следуваат Њујорк, Лондон, Истанбул и Милано. Сите овие градови годишно се посетувани од милиони туристи.rnrnВо секој случај, доколку сакате да патувате, а притоа да не мора да се справувате со гужви, знаете каде можете да отидете. Од друга страна, нека не ве плаши ниту листата со петте најскапи туристички градови бидејќи вредат да бидат посетени.rnrnОткако ги прочитавте резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најдобрите потценети главни градови што треба да ги ставите на вашиот список за патување.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr