КАФЕ ПАУЗА

Порака од древните Абориџини: Сите ние сме посетители во ова време, на овој простор…

Можеме многу да научиме од древните народи. Без разлика дали станува збор за поуки или приказни, ако сме отворени за тој начин на размислување, можеме да извлечеме голема мудрост од нивното доживување на животот. Во продолжение прочитајте еден од најмоќните совети извлечени од записите на австралиските Абориџини. Без сомнение ќе се замислите!rnrnПорака од древните Абориџини: Сите ние сме посетители во ова време, на овој простор...rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnСите ние сме посетители во ова време, на овој простор. Ние само поминуваме од тука. Нашата цел е да набљудуваме, учиме, растеме, љубиме… и потоа да се вратиме дома.rnrnНие набљудуваме со очите, слушаме со ушите, вкусуваме со јазикот, допираме со кожата… Поради тоа го доживуваме светот ограничено, само преку нашето тело. Нашето искуство се создава во умот, а интелигенцијата расудува и интерпретира соодветно. Но, според законите на кармата, по смртта на ова физичко тело, настанува ново, исто така привремено. И тоа продолжува од живот во живот…rnrnНие како личности можеме да ја надминеме оваа ограниченост бидејќи сме трансцендентални по природа, како и вечни, безгранични, полни со знаење и среќа. Изворно сме создадени од чиста љубов. Поради илузорната моќ на материјалната енергија и силното влијание на лажното его за големината на душата и човечкото тело, не сме во можност да ја сфатиме нашата вистинска природа, па ги отфрламе овие идеи како детинести.rnrnНо, токму оние што се како деца, што градат дворци од песок и кули од карти, одново и одново, сè додека не успеат се и најсреќни. Тие научиле како да набљудуваат, учат, растат и љубат… а потоа… и како да се вратат дома…rnrn[/message_box]