Погледнете зошто е одлично да бидете жена

Сподели

Дали некогаш сте посакале да си го смените местото со некој маж? Можеби го посакувате ова кога нивниот живот ви изгледа полесен, кога мислите дека мажите имаат помали очекувања и задоволни се со она што им се случува. Можеби мислите дека не се оптоварени со планирање, предвидување и неизвесност и можат да живеат целосно во сегашниот момент.

Реклама

Да бидете жена значи да се справувате со тешки задачи. Жените се мајки, љубовници, сопруги, домаќинки, уметници, со успешна кариера, пријателки, ќерки, и тоа сè одеднаш. Погледнете ги причините зошто е добро да бидете жена.rn

Подобро бараат и даваат утеха

rnЖените многу често ги решаваат проблемите со помош на разговор. Без проблем разговараат со пријателките, бараат помош и разбирање, а го даваат тоа кога некој ќе го побара од нив.rn

Имаат посилен имунитет

rnСпоред научниците, високото ниво на естроген им дава на жените сила во борбата против вирусите и бактериите, па тие имаат посилен имунитет. Поради ова жената може да се грижи за болниот маж и болното дете без да се разболи и самата.rn

Од еволуциона гледна точка, жените многу напреднале

rnАко погледнеме наназад кон историјата, жените станале поубави, понежни, пограциозни. Од друга страна, мажите не се промениле многу.rn

Жените поретко остануваат без работа

rnКога ќе изгубат работа, жените многу побрзо наоѓаат друга. Можеби нивната грижа за иднината и неизвесноста им помага да го направат ова.rn

Поретко се дел од сообраќајни несреќи

rnЖените поретко се учесници во сообраќајните несреќи и поретко ги предизвикуваат. Како возачи, тие се повнимателни и поодговорни.rn

Шефицата е подобра од шефот, без разлика колку е строга

rnБидејќи жените можат да слушаат и ги разбираат проблемите на нивните вработени, често се подобри шефови. Исто така тие брзо на наоѓаат решение и го спроведуваат ефикасно и најбрзо што можат.rn

Повеќе зборуваат и се подобри во комуникацијата

rnЖените зборуваат повеќе, поради што подобро се служат со зборовите и се подобри во комуникацијата. Во партнерските односи тие често иницираат разговор и настојуваат да покажат трпение и разбирање. Секогаш го одбираат вистинскиот момент за разговор и успеваат да ги избегнат расправиите и мирно да дојдат до решение.rn

Подобро и побрзо се прилагодуваат на промените

rnНикој не сака промени, особено не оние наметнатите. Но жените се способни да се прилагодат на промените што не ги барале, да се соочат со реалноста и да направат што можат за да се снајдат. Јасно им е дека на овој начин ќе си го олеснат целиот процес. Од друга страна на мажите им е потешко да прифатат кога немаат контрола над ситуацијата.

Погледнете ги и жените кои предизвикаа вистинска бура на Интернет и покажаа колку се моќни.

Популарно

Може ќе ве интересира