Жените со прекумерна тежина постојано се соочуваат со одредени стереотипи. Но, еден од тие стереотипи најверојатно нема да потрае уште долго. Натали Нутенбум е 16-годишна моделка и внука на познатиот диџеј Стив Аоки. Таа го гледа него како пример, бидејќи тој ги прекршил азиските правила со неговата музика.rnrn
rnrnИ Натали исто така сака да ги прекрши азиските норми во нејзината блескава моделска кариера. Нутенбум благодарение на нејзините облини спаѓа во категоријата на модели со прекумерна тежина и потпишала договор со ексклузивната агенција Muse. Таа се надева дека ќе ја уништи идејата според која се верува дека сите Азијки се мали, слатки и слаби.rnrn
rn
„За Азијките важи правилото дека мора да се мали, слатки и слаби. Но, додека растев, јас бев некако повисока, покрупна и почудна. Спротивно од тоа што луѓето очекуваа да бидам, јас навистина сакам да ја искористам мојата сегашна позиција за да кажам, знаете што? Сите сме различни. Не можеме да создадеме калап и да очекуваме дека сите луѓе ќе се совпаднат во тој калап“, изјавила таа.
rn
rnrnСпоред неа, кога станува збор за создавања поразновидна модна индустрија, не треба фокусот да се задржи само на една работа.rnrn
rn
„Не може да зборувате за разновидност без да вклучите разновидни типови. Разновидноста не познава етничка група и големина. Ќе се обидам да го покажам тоа во оваа индустрија колку што можам повеќе“, открила Натали
rn
rnrnЗаслугата за нејзиниот успех ја припишува на сестра ѝ Јуми која е исто така модел со прекумерна тежина, бидејќи ја научила како да биде самоуверена и како да се сака себеси и сопственото тело. Натали наоѓа инспирација и од Кејти Вилкокс, модел со прекумерна тежина и автор на книгата „Healthy is the New Skinny“.rnrn
rn
„Ако се обидувате да бидете најдобри што можете и сакате да бидете здрави, вашето тело е само ваше и ако изгледа поразлично, нема причина да го мразите или да се обидувате да го прилагодите на лажниот идеал за убавина“, објаснила Натали.
rn
rnrnНутенбум досега има работено со неколку познати модни дизајнери и нејзината кариера продолжува да се движи во нагорна линија. Не постои сомнеж дека наскоро ќе ги сруши сите стереотипи што владеат во модната индустрија и светот!rnrnПогледнете ја и оваа девојка која ги руши стереотипите во модната индустрија со нејзината прекрасна фигура.