Дали ви се случило воопшто да не можете да се фокусирате на работата бидејќи не сте се наспале? Недостатокот од сон може во текот на целиот ден да ве направи расеани и летаргични.rnrn
rnrnВо едно истражување од Универзитетот Колорадо бил проучуван ефектот на таканаречениот плацебо сон. Во прв план на истражувањето бил феноменот каде што луѓето кои мислат дека спиеле премалку, најчесто се чувствуваат уморни и со намалена концентрација.rnrnЗа истражувањето испитаниците имале задача да документираат колку добро, односно длабоко спиеле. Потоа слушале предавање за тоа колку е важна РЕМ фазата од сонот. Ова е фазата во којашто сонуваме и започнува околу 90 минути откако ќе заспиеме. Нејзиното траење е различно – на почетокот е пократка, а како што наближува будењето станува подолга. Научниците им објасниле на испитаниците дека возрасните луѓе треба да поминат од 20% до 25% од спиењето во РЕМ фаза, во спротивно ќе имаат проблеми со концентрацијата.rnrnПотоа испитаниците биле поврзани со машина за која верувале дека може да им ги детектира РЕМ фазите за време на спиењето. Во реалноста, машината ја покажувала нивната мозочна активност. На дел од испитаниците им било кажано дека имале премалку РЕМ фази, а на другите дека имале доволно. Потоа испитаниците решавале задачи кои барале разбирање и внимание.rnrnРезултатите покажале дека оние кои верувале дека имале повеќе РЕМ фази подобро се справиле со задачите.rnrnПа како да го искористите феноменот плацебо сон во ваша корист? Навистина е едноставно – постојано кажувајте си дека претходната вечер сте спиеле добро и доволно. Важно е да знаете дека овој трик треба да го употребувате привремено, кога немате време за спиење. Доколку постојано се соочувате со недостаток од сон, најдобро е да се консултирате со професионалец за да ги избегнете несаканите последици.rnrnДознајте кои се последиците доколку спиете помалку од 6 часа.
„Плацебо сон“: Одличен трик кога не сте наспани
