КАФЕ ПАУЗА

Писмо од бившата девојка: Драга моја замено, постојат неколку нешта што треба да ги знаеш…

Откако ја оставило нејзиното момче, една девојка не сакала да се препушти на омразата, бесот и љубомората. Сите чувства во кои верувала поради завршувањето на врската ги преточила во писмо, но не кон него, туку кон неговата нова девојка. Свесна дека таа не е за ништо крива, писмото не е нити огорчено нити бесно, туку полно со насоки и убави зборови за бившата љубов.rnrn0-pismo-od-bivshata-devojka-draga-moja-zameno-postojat-nekolku-neshta-shto-treba-da-gi-znaesh-kafepauza.mkrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnДрага моја замено,rnrnПостојат неколку нешта кои треба да ги знаеш, со оглед на тоа што ти си сега предмет на неговите желби. Немој да се изненадиш од тоа колку брзо ќе се заљубиш во него. Немој да се нервираш поради мојот профил на Фејсбук на кој сѐ уште има наши фотографии. Тие сега му припаѓаат на минатото. Немој да се изненадиш ако не сака да зборува за својата бивша девојка. Дури ни на пријателите не им кажа кога раскинавме. Не сум ни сигурна дека сите негови пријатели знаат за нашето раскинување.rnrnТоа беше убава љубовна приказна, но не грижи се, таа остана во минатото. Ти си неговата иднина. Иако не се знаеме, сигурна сум дека не ме сакаш. Меѓутоа, ние две имаме нешто заедничко што нѐ спојува.rnrnНе грижи се, нема да го барам или да му ги лајкувам неговите објави на социјалните мрежи. Не можам да ти ги кажам сите тајни, а нема ни тој. Но, верувај дека постои причина поради која не ги изразува премногу своите емоции и не го кажува она што толку очајно сакаш да го слушнеш.rnrnЌе те разгали со мали знаци на внимание и подароци, но тој не е расипник. Многу мудро ги троши парите. По насмевката ќе забележиш дека сè уште живее детето во него.rnrnЌе видиш дека тој е еден од ретките кои повеќе сакаат да гледаат филмови отколку да излезат во град.rnrnНекогаш ќе го видиш и пијан, но и лут. Како што сигурно си забележала, темпераментен е, затоа не сфаќај сѐ лично. Кога ќе пројде бурата и нерасположението, биди сигурна дека ќе се врати со насмевка и бистри сини очи, а на тој поглед не ќе можеш да одолееш.rnrnКога ќе се заљуби, ќе направи сѐ што ќе го замолиш, но не очекувај постојано да ти повторува дека те сака. Можеби нема да мисли на тебе во секој момент, но биди сигурна дека многу често ќе му бидеш во мислите.rnrnТој има големи соништа, но многу често се откажува од нив. Твоја задача ќе биде секојдневно да му повторуваш дека е згоден, паметен и дека може да оствари сѐ што сака. Нема да ти верува, но ти сепак не престанувај да му го кажуваш тоа.rnrnСо него, ќе го запознаеш светот на поинаков начин. Кога ќе му кажеш нешто што во тој момент нема да му се допаѓа, ќе забележиш дека едната веѓа му е подигната и дека те гледа без да трепне.rnrnКога ќе излегувате во град, во дискотеки и клубови, нема да можеш а да не го забележиш неговиот поглед на тебе. Ќе те гледа како да си единствена на светот. Да, тогаш одново ќе се заљубиш во него!rnrnЌе има мигови кога ќе ти ја отвори душата и ќе ти признае грешки од минатото, но немој да го осудуваш.rnrnПоради сите тие грешки од минатото, тој е сега подобра личност и биди среќна што те нашол. Се надевам дека ќе го сакаш онака како што заслужува. Се надевам дека и тој ќе те сака (а можеби веќе и те сака) длабоко и страсно како што верував дека ме сака мене.rnrnСе надевам дека е искрен кон тебе како што никогаш не бил кон мене, но најмногу се надевам дека ќе ти пружи бајковита врска на каква што јас се надевав.rnrnЗапамети дека не те мразам, само сум ти љубоморна. Драго ми е што уште некој доби шанса да го доживее она што го доживеав јас.rnrnЕден ден, се надевам дека ќе те сретнам. Како што веќе напишав, нас две нѐ поврзува нешто силно, нешто што само ние ќе го разбереме.rnrnНему важно му е каква е девојката како личност, па потоа физичките карактеристики. Мора да признаеш дека тоа е ретка карактеристика.rnrnОд тебе барам само едно: немој да го повредиш како што тој ме повреди мене. Верувам во карма, верувам дека луѓето ќе го добијат она што го заслужиле, но никогаш никому не сум му посакала такво патење, особено не нему.rnrnТи си сега со човекот од нашите соништа и не лажам кога ти кажувам дека се надевам дека ќе ви успее.rnrnБившата девојка.rnrn[/message_box]