Автор: Петар Тодоровски
Пештерскиот систем Ваитомо е уште една од низата спектакуларни природни убавини кои на Нов Зеланд му даваат углед на една од најубавите земји на планетата. Ова пештера е позната по ефектот на ѕвездено небо, кој е предизвикан благодарение на светкавите ларви зелепени на нејзините ѕидови, што на посетителите им дава чувство како да се блиску до Млечниот пат, а не во длабочините на земјата.Уникатниот ефект е резултат на големиот број црви и други инсекти кои висат на ѕидовите на пештерата. Кај нив, додека се во фаза на ларва, се случува одредена хемиска реакција која резултира со емитување на светлина од нивните опашки.Ова е карактеристично за две пештери од големиот систем, Арануи и Руакури. Покрај декорот од необичниот жив свет, тие се украсени со сталактити, сталагмити, фосили од корали, школки, риби и други формации создадени во последните 30 милиони години, колку што постои овој систем.Посетителите можат да нурнат во несекојдневниот амбиент преку организирани тури, а властите во Нов Зеланд добро се погрижиле за тоа да им биде лесно достапно. Турата има три дела, а започнува на врвот на пештерата во т.н. катакомби. Потоа следува вториот дел наречен „Сала за банкети“, каде што посетителите можат да купат храна, пред да го доживеат највозбудливиот дел, катедралата и турата со чамец по подземната река.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

