Кој во вашата заедница почесто го фрла ѓубрето, мажот или жената? Одговорот на ова прашање може да биде еден од факторите кои покажуваат колку сте сексуално активни. Најновото истражување објавено во списанието „American Sociological Review“ покажува дека мажите кои поретко се занимаваат со традиционални „женски“ куќни работи, како готвење, чистење и купување намирници, повеќе време посветуваат на секс со својата партнерка.rnrn
rnrnОд друга страна, мажите кои се занимаваат со мажествените куќни работи како косење трева, фрлање ѓубре, одржување на автомобилот, плаќање сметки, имаат повеќе секс од оние кои ги избегнуваат тие обврски.rnrnБрачните парови кои учествувале во ова истражување се изјасниле дека во просек имаат 5 пати секс месечно, но бројот на сексуални односи во просек бил за 1,6 поголем кај оние парови во кои само жената се бави со „женските работи“ во домаќинството.rnrnВо истражувањето учествувале 4.500 хетеросексуални брачни парови од САД, а податоците биле прибрани во периодот од 1992 до 1994 година, што претставува најновото големо истражувањево во кое е измерена фреквенцијата на сексуални односи на брачни парови во оваа земја.rn
Жените почесто им помагаат на мажите
rnОд ова истражување се добил и уште еден интересен резултат. Имено, мажите во просек работат околу 1/5 од женските работи по дома, додека жените работат околу 1/2 од машките работи.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
