Оваа фотографија била споделена на Фејсбук од страна на еден Бразилец кој се вика Нелсон Филипе.rnrn
rnrnСо неа тој се буни за работи кои се случуваат во метрото во неговиот град. На неа се гледаат луѓе кои одат, луѓе кои стојат и чекаат, како и две девојки кои се прегрнуваат. Под сликата напишал:rn
„Немам предрасуди. Мислам дека луѓето треба да прават што сакаат со нивните животи. Но мислам дека нема смисла да морам да гледам сцени како оваа. Тоа што луѓето прават насамо е нивна работа, но она што го прават јавно ме засега и мене. Не сакам да видам глетка како оваа и да ја сметам за нормална. Таа се коси со моралот, а тоа може да биде опасно. Што ако настане некоја трагедија, или уште полошо, ако загине некој, тогаш кој ќе биде крив? Што би се случило ако некое дете ја гледа оваа глетка секој ден? Децата ќе мислат дека е нормално да го чекаш метрото газејќи ја жолтата линија. Немојте да правите како дечкото онаму. Следете го примерот на девојките.“
rnНе би можеле, а да не се сложиме со протестот на овој човек против ваквото нарушување на моралот во јавност.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
