Оваа компанија од соништата сака да ви плаќа да се гушкате со панди!

Сподели

Центарот за панди во кинескиот национален природен резерват Волонг е дом на слатки и бушави големи панди и верувале или не, тие бараат среќни луѓе што ќе поминуваат време со овие крзнени топчиња додека се мали. Во виралното видео што било објавено на Твитер, можете да видите како еден од вработените, облечен како панда, се гушка со овие неодоливи животни – работа што секој од нас од срце ја посакува.

Реклама

rnОгласот за работата гласи:rn

„Најдобрата работа во светот! Гушкање мали пандички – облечени во костум со цел да им помогнете да живеат без луѓе.“

rnВидеото вклучува три мали панди, човек што носи костум на панда и многу забава и дружење. Човекот може да биде забележан во секоја позиција за гушкање од триење на носовите, до целосна прегратка околу нивните меки тела.rn

rn

Од далеку, овој човек наликува на вистинска мајка панда и тоа е целта на програмата за одново претставување на животот во природниот резерват. Со други зборови, вработениот мора вака да биде облечен со цел да се намали интеракцијата со луѓето за пандите да можат полесно да бидат пуштени во дивината.

Со оглед на тоа што работата има плата од 32.000 долари, можеме слободно да кажеме дека тоа воопшто не е лошо за вакво богато искуство.

Погледнете ја и оваа професија со која можете да заработувате гушкајќи мачиња!

Популарно

Може ќе ве интересира