Една од позитивните страни на социјалните мрежи е тоа што ја зголемија свесноста за многу проблеми околу нас. Помеѓу многуте нешта за кои ни ја зголемија заинтересираноста, се наоѓа и загадувањето.rnrn
rnrnМилениумците се првата генерација која всушност треба да се грижи дали да има деца или не. Покрај тоа, благодарение на нас, можеби ќе го доживееме и крајот на животот на Земјата.rnrnПоследен пат Земјата била под олкаво влијание од еден вид пред милијарди години, кога првите микроби го испуштиле кислородот што го дишеме денес. Можеме да кажеме дека нашиот придонес е далеку од олку позитивен.rnrnБлагодарение на евтиниот конзумиеризам, денес постои површина голема колку четвртина континент што плови низ океаните. Оваа површина ја сочинува ѓубре фрлено во водата, од кое најмногу е пластика и неразградливи материјали. Поради ова страда живиот свет во морињата и океаните. Овие настани стигнаа до социјалните медиуми во форма на фотографии и видеа. Можеби едно од попознатите видеа од овој тип е она на коешто е прикажана желка на која ѝ отстрануваат сламка од носот.rnrnБлагодарение на многуте објави, свесноста за пластичните сламки навистина се зголеми. Но она што е изненадувачко е дека сламките зафаќаат само 0,02% од ѓубрето во океанот. Главниот загадувач е многу почесто употребуван и многу позлобен, но најчесто избегнуваме да зборуваме за него. Станува збор за отпушоците од цигари.rnrnФилтрите на 5,6 трилиони цигари што се произведуваат секоја година се направени од целулозен ацетат на кој му е потребна над една деценија за да се распадне. Од 1986-та година, отпушоците од цигари се најсобираниот предмет на океанските плажи – за 32 години собрани се околу 60 милиони.rnrnВо 1900-тите, филтрите на цигарите биле направени со цел да се намали ризикот по здравјето, но сега се претвориле во голема катастрофа. Едно истражување спроведено од професорот Новотни во 2011-та година, покажало дека секој обид да ги спречат пушачите несовесно да ги фрлаат отпушоците бил неуспешен.rnrnЦигарите и другите производи од тутун се едни од најголемите кошмари на законодавците. Компанијата Малборо на пример, е вклучена во еден од најдолгите и најкомплексните судски процеси во Индонезија, каде што агентите за продажба целат на сиромашните и малолетните потрошувачи.rnrnСепак, погрешно е да се каже дека не се презема ништо. Низ целиот свет се преземаат чекори кон правилната насока. На пример во САД се направени обиди да се забранат филтрите, или да се зголеми цената на цигарите. Во Франција, во еден забавен парк, вработените се обучени да го собираат ѓубрето и сите отпушоци од цигари.rnrnПа, додека војната со пластиката и сламките е значајна и од голема важност, војната против загадувањето е далеку од завршена.rnrnПрочитајте ги и овие факти за загадувањето со пластика и што можете да направите во врска со него.
Отпушоците од цигари се исто штетни за океаните колку и пластичните кеси
