За да ни биде полесен, а воедно и појасен животот, треба да сфатиме две работи:rnrn1. Доколку вистински сакаш нешто, истото ќе го добиеш.rnrn2. Тоа што си бараш, тоа и ќе си најдеш.
Прво и основно – сè е психа. Доколку знаеш да управуваш со неа – супер, си имаш целосна контрола над себеси. Работите се онакви какви што ги гледаме, сè зависи од тоа како ги доживуваме нештата, и доколку самите се мотивираме и насочиме кон целта, ќе ја достигнеме. Само штета што човековата упорност не е секогаш толку силна. Лесно знаеме да се откажеме, обесхрабриме или едноставно да мрчиме, зашто секогаш е полесно да кренеш раце и да обвиниш некој друг. Нема сила која може да ме разубеди дека доколку нешто вистински посакуваш ќе го добиеш. Ако желбата е силна, тогаш целосно се насочуваме кон остварување на целите и го освојуваме посакуваното. И нема изговори од типот: „ Не ме бива“, „Не сум роден/а за тоа“, „Не сум јас за таа работа“… сето тоа во превод значи НЕ САКАМ ДА СЕ ПОТРУДАМ ДОВОЛНО.rnrnМојата теорија дека го наоѓаш тоа што си го бараш, во милиони случаеви се има потврдено. Без разлика дали станува збор за кариера, пријатели или партнер, луѓето кои се задржуваат во нашиот живот, тука се со причина. Тоа значи дека нив сме ги барале, такви луѓе ни биле потребни. Еве најпрост пример, размислете за паровите кои ги познавате. Едноставно си одговараат еден со друг, колку и на прв поглед да не се забележува тоа, си се надополнуваат и се компатибилни. ТОЈ е мачо, силен, висок и на прв поглед јак човек кој нема стравови, ама во суштина е мек, па затоа му треба ТАА, која можеби навидум е женствена и мека, но секогаш гласно ќе ги кажува своите ставови и грубо ќе му противречи на она што не ù се допаѓа. Едноставно, луѓето околу нас сме ги избрале со причина, а зависно од тоа како ќе се поставиме со нив, ист однос ќе добиеме за возврат…rnrnВнимавајте што посакувате, дали искрено го сакате тоа и колку сте подготвени да се жртвувате за истото. Не бидете дел од монотоната шема, заслужувате да целите на високо, бидејќи оној кој нема цел, не знае ни каде оди. Но не целете високо доколку не сте подготвени за борба.rnrnЌе ве поздравам со изрека на Алберт Ајнштајн: „Сите се генијалци, но ако ја терате рибата да биде добра во качување по дрво, ќе го помине целиот живот мислејќи дека е глупава.“ Сите се генијалци на свој начин, само треба да се насочат кон она што го прават добро до перфекција. Во што сте добри? Што е тоа што го работите со силна страст? Кои се вашите цели? Што би сакале да имате? Како може да си го подобрите животот? Нема универзални одговори на овие прашања, затоа мора самите да ги најдете за себе.rnrnНа здравје неделно кафе,rnrnВашата Ели.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
