Верувале или не, постојат многу едноставни начини да се ослободите од лошата миризба во воздухот и да внесете свежина во вашиот дом. Но, наместо притоа дополнително да го труете воздухот, а и себе, со сите оние попатни хемикалии кои ги има во фабрички произведените средства за освежување на воздухот, можеби е добра идеја да ги земете во предвид следниве неколку подобри, поекономични и навистина практични идеи.rnrn
rn
Вотка
rnИмајќи во предвид дека етил алкохолот е една од основните состојки во фабрички произведените освежувачи на воздух, а истовремено се наоѓа и во вотката, една од логичните работи кога немате друго решение е истата да ја искористите за да се изборите со застоениот воздух и лошата миризба. Штитејќи се на тој начин и од штетните хемикалии кои можат да се најдат во освежувачите за воздух, вотката е идеално решение за брзо и ефикасно внесување на свежина во вашиот дом.rnrn
rn
Песок за мачки
rnОдредени компании кои произведуваат песок за мачки можат да се пофалат со навистина добар состав на истите. А оние кои во својот состав содржат дијатомејска земја, природен минерал, се и совршено решение за вашиот проблем со лошата миризба во воздухот. Зошто? Бидејќи токму овој минерал има таква особина што го апсорбира лошиот мирис во воздухот и влагата, додека истовремено ги убива и сите паразити кои ќе дојдат во допир со него.rnrn
rn
Кафе
rnДали постои човек на светот кој не го обожава мирисот на кафе? Како еден од успешно докажаните будилници наутро, кафето може да се најде и во улога на успешен отстранувач на лошиот мирис и застоен воздух. Она што треба да го направите е да ставите повеќе зрна кафе во некој сад и потоа истиот да го поставите во просторот каде имате потреба од проветрување на воздухот.rnrn
rn
Палма
rnПалмите, но оние кои се чуваат во домашни услови, се докажани прочистувачи на воздухот. Позната по тоа што го отстранува формалдехидот како штетна состојка во воздухот, палмата е растение кое во исто време ќе внесе и свежина во вашиот дом. Покрај тоа, лесна е за одржување и го разубавува просторот.rnrn
rn
Домашни освежувачи
rnКако и со сите останати проблеми, сечење на истите во корен е секогаш најдоброто решение. Па така, наместо да ги прикривате миризбата и/или застоениот воздух, можеби далеку поефективно решение би било истите целосно да ги отстраните. Редовното проветрување на просториите, секојдневното бришење прашина и слично, можат да ви помогнат во отстранување на основните загадувачи на воздухот, но доколку сакате да спречите тоа да се случува и понатаму, тогаш добро ќе ви се најдат домашните течни комбинации од оцет, лимоново масло и сода бикарбона кои истовремено ќе внесат и убава миризба во вашиот дом.rnrn
