КАФЕ ПАУЗА

Одморалиште во Јапонија ви овозможува да се капете во пиво

Ако барате начин да ја однесете љубовта кон пивото на ново ниво, овој спа центар е одличен за вас. Јапонското одморалиште Мисуги (Misugi) ви овозможува да се капете во пиво, а се наоѓа на само неколку чекори од пиварата Хинотани. Ова е вистинско остварување на сонот на љубителите на пивото.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnОпкружено со планините во јапонското село Токаи, одморалиштето Мисуги нуди одмор со внатрешни и надворешни бањи, сауна, базен и јакузи. Една од најпознатите удобности на одморалиштето е лоцирано во Хинотани Онсен, именувано по пиварата, и овде можете да се слободите од стресот така што ќе се бањате во пиво.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnТаканареченото „Нинџа пиво“ кое е произведено во пиварата, во комбинација со природните топли извори е навистина необично искуство. Наводно благодарение на квасецот, ензимите во сладот и јаглеродната киселина, оваа бања е погодна за разубавување.rn

„Квасецот од пивото ја омекнува кожата, а пивото има и антибактериска моќ што е добра за вашата кожа. Покрај тоа јаглеродниот диоксид е одличен за циркулацијата на крвта“, изјавил сопственикот Јуки Накагава.

rnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnНинџа пивото е направено од црн ориз и ориз за саке, па очекувајте малку потемна нијанса. Одморалиштето нуди и тушеви што можете да ги користите по бањата со пиво. Покрај тоа 45 минути во оваа бања ќе ве чинат околу 10 евра, односно 14 евра во текот на летото.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnИма само една бања со пиво, а спа центарот има посебен дел за мажи и жени. Постојат одредени термини за мажите и одредени термини за жените, па потребно е добро да испланирате кога ќе ја посетите бањата.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnПокрај бањата со пиво, постојат и други работи што можете да ги правите овде. Собите имаат неверојатен поглед кон планините, има бесплатен Интернет и огромни телевизори. Во престојот се вклучени појадок и вечера, а има и воден парк, соба за чај, масажи и караоке машина. Можете да се капете во другите базени, да ловите риба или да го посетите ноќниот пазар.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnЉубителите на пиво можат да ги пробаат продуктите на пиварницата кои добивале неколку награди и кои наводно се инспирирани од американските пива. Исто така во близина има и пекара што нуди часови каде што можете да научите како да правите леб и пица со квасецот од пиварата.rnrnОдморалиште во Јапонија ви овозможува да се капите во пивоrnrnШто мислите, дали би го посетиле ова навистина необично место?rnrnПогледнете ги и хотелите од целиот свет што ќе ви ја разгорат желбата за патување.