КАФЕ ПАУЗА

Новогодишно лајт-шоу со 40 илјади светла

Новогодишно лајт-шоу со 40 илјади светла

Автор: Весна Јовановскаrn

Би сакале ли околу 40 илјади новогодишни светилки наизменично да трепкаат во ритамот на вашата омилена музика? Ова веќе го направиле татко и син од Меридијан, Ајдахо. За дочекот на 2012 година и по повод божиќните празници, тие подготвиле вистинско лајт-шоу. Ги украсиле куќата и дворот со штедливи ЛЕД-светла, кои секоја недела ќе „танцуваат“ на различни мелодии. Новогодишно лајт-шоу со 40 илјади светлаГи повикуваат оние кои имаат шанса, да дојдат и одблиску да уживаат во оваа магична атмосфера. Сите останати, дел од магијата ќе можат да почувствуваат преку следното видео во кое може да се види како нивната куќа танцува во дабстеп ритам:

rnrn

rnТрадицијата со разиграните светла ја започнале уште во 2003 година. Стартувале со пет илјади сијалички, но во текот на наредните осум години, осум пати го зголемиле нивниот број.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.