КАФЕ ПАУЗА

Нова барбика чија цел е да испрати навистина инспиративна порака

Нова барбика чија цел е да испрати навистина инспиративна порака

Во денешно време жените постојано се соочуваат со нереалистични стандарди за убавина. Медиумите се преплавени со модели кои имаат совршена фигура и изгледаат прекрасно. Но, компанијата што ја произведува куклата Барби вложува голем труд за да ги сруши стереотипите и да го направи светот подобро место за живеење. Нивната најнова идеја е за восхит!rnrnНова барбика чија цел е да испрати навистина инспиративна поракаrnrnДобрите луѓе кои работат во компанијата за играчки Мател наскоро ќе го претстават најновиот лик од нивното семејство познато како „Barbie Sheroes“. Станува збор за барбика инспирирана од моделот со прекумерна тежина Ешли Греам.rnrnГреам влезе во историјата како првиот модел со прекумерна тежина кој се појавил во списанието „Sports Illustrated“, и тоа во изданието за костими за капење. Таа е голем поборник за идејата да се воведат модели со различни типови на тело во модната историја. Греам дури и одржала ТЕД говор на тема како да се создаде позитивна слика за телото.rnrnНова барбика чија цел е да испрати навистина инспиративна поракаrnrnТимот одговорен за појавата на куклата Барби сакал да ѝ оддаде чест на Греам за тоа што ги поместила границите во модата и што испраќа порака која го поттикнува создавањето на позитивна слика за телото, прифаќањето на сопствениот изглед и зголемувањето на женската моќ. Тие решиле да го обележат нејзиниот неверојатен придонес со тоа што направиле нова кукла која ја испраќа истата порака како Греам.rnrnНа овогодишното доделување на наградите „Гламурозни жени на годината“, Греам добила своја Барби. Таа соработувала со Мател со цел крајниот резултат да биде верен на нејзиниот изглед и карактер. Имала и специјално барање за познатите произведувачи на кукли: Куклата да нема празен простор помеѓу бутовите. Тие со задоволство го исполниле барањето. Греам е навистина задоволна од тоа како испаднала барбиката.rnrnНова барбика чија цел е да испрати навистина инспиративна поракаrn

„Има заоблено стомаче. Има заоблени колкови. Сѐ е заоблено, одлично!“, задоволно изјавила Греам кога ја видела куклата за прв пат.

rnЗа жал, сега засега не може да се најде барбиката на Греам во продавниците, но тоа наскоро би можело да се промени. Куклите од колекцијата Sheroes се направени во еден примерок што го добива жената која ги инспирирала, но во одредени случаи може да се стават во масовно производство.rnrnНова барбика чија цел е да испрати навистина инспиративна поракаrnrnВо моментов нема такви планови за куклата на Ешли Греам, но доколку постои голем интерес, тоа би било овозможено. Во секој случај, фактот што оваа кукла воопшто постои е доволен знак дека светот полека почнува да ги руши традиционалните стереотипи за убавина.rn

„Мора да соработуваме заедно за да ја смениме глобалната претстава за убавина и да продолжиме да се бориме за подобар свет. Воодушевена сум што Барби продолжи да им оддава почит на жените кои ги поместуваат границите. Голема чест е да се биде овековечен во пластика“, коментирала Ешли.

rnМора да признаете дека овој обид да се внесе позитивна промена во светот е навистина за почит.