Кога помислуваме на Франција, помислуваме на Ајфеловата кула, на музејот Лувр, на дворецот Версај, на романтика, мода, прекрасен парфем, на кроасан и кафе и на француски бакнеж. Во популарната култура многу нешта го носат епитетот француски, но реалноста е дека воопшто не потекнуваат од Франција. Подгответе се да бидете изненадени.rn
1. Француски бакнеж
rnБакнувањето „со јазик“ воопшто не е француска традиција и навистина не е јасно од каде доаѓа поврзаноста, бидејќи првпат ваквиот бакнеж е спомнат во Кама Сутра. Оваа популарна книга не е напишана во Франција, а е издадена долго пред воопшто таа да постои како држава. Ваквиот начин на бакнување можно е да постоел уште пред новата ера.rn
2. Француски тост
rnОна што денеска е популарно како француски тост, всушност им била омилена храна на старите Римјани. Тие потопувале леб во млеко, кој потоа се пржел во врело масло. Денеска овој специјалитет има многу верзии, а епитетот „француски“ го добил поради првиот угостител кој редовно го послужувал во својот ресторан, Џозеф Френч.rn
3. Француски маникир
rnФранцускиот маникир е еден од најпопуларните изгледи на ноктите. Се нанесува нежна розова како основа, а само врвот на ноктот се бои со бела боја, со што се потенцира природниот изглед. Први го промовирале Макс Фактор, а неколку години подоцна експертот за маникир Џеф Пинк го популаризирал овој изглед и го нарекол „француски“.rn
4. Беретка
rnСекогаш кога помислуваме на Французинка, неизоставен дел од нејзиниот стил е токму беретката. Но, постои библиска легенда која вели дека дури и Ное носел волнена шапка со познатиот облик, таа постоела и во стара Грција, а ја носеле и мажите во средниот век. Французите, пак, биле први кои користеле беретки во војската, но тоа се случило на почетокот на 19-тиот век.rn
5. Помфрит
rnУште во 17-тиот век селаните во Белгија ги сечеле компирите на тенки парчиња и ги пржеле во масло. Вака подготвениот компир им се допаднал на американските војници кои за време на Првата светска војна биле во Белгија и рецептот го пренеле преку океанот, дома, нарекувајќи го „француски компир“, бидејќи во Белгија службен јазик е францускиот.rn
6. Кроасан
rnПред воопшто да стигне во француските пекарници, слаткото полнето лиснато тесто се продавало само во одредени пекарници во Виена. Така, кроасанот всушност потекнува од Австрија, каде е познат под името „кипфел“. И денеска може да се најде во многу пекарници и слаткарници низ Австрија, а се претпоставува дека ваквото печиво првпат било подготвено во 1227 година за војводата Леополд.

